Таг : фризер

5 Совршени нијансирања на коса во “Мое Студио Дадар”

Драги дами, ништо не може да ве освежи и да ви го смени имиџот на подобро како нова фризура, нели? Ние го знаеме тоа, и затоа оваа есен ви предлагаме во “Мое Студио Дадар” да изберете некој од петте нијансирачки трендови кои се хит во фризерските салони ширум светот.

 

Омбре, сомбре, фламбојаж, балајаж, лајаж…техниките за нијансирање на косата се сé поразновидни, а ретко кој навистина знае што е специфично за секоја од нив и по што се разликуваат. Доколку сакате да имате супер нова фризура, останете со нас, затоа што ќе ви ги разјасниме еднаш засекогаш сите недоумици околу овие популарни техники. Така ќе успеете да ја изберете вистинската нијанса за вас, ќе излезете презадоволни од салонот, а комплиментите нема да изостанат 😉

 

  1. ОМБРЕ

Ретко кој нема слушнато за оваа популарна техника, чие име на француски означува “нијансирање”. Истата настана во Холивуд во почетокот на 2000 година кога актерките во паузите меѓу снимања на два филма заради промената на имиџот мораа да ја пуштаат својата природна коса. Тогаш фризерите се досетија да пронајдат решение со кое би се ублажила големата разлика помеѓу израсната нова и фарбаната стара коса. Така настана омбрето, зачетник на нијансирањето и “мајка” на сите преостанати 4 техники (сомбре, фламбојаж, балајаж, лајаж).

За омбрето е карактеристично тоа што горниот дел од косата е потемен, потоа постепено се осветлува сé до најсветол тон на краевите. Затоа оваа техника успева да обезбеди совршен премин помеѓу бои со голем контраст (пример, црн корен со плави прамени на краевите).

Голем број на славни личности како Никол Кидман, Бијонсе, сестрите Кардашијан, Викторија Бекам и Кејти Пери го прифатија и испромовираа омбрето, со што започна вистинска омбре манија во целиот свет.

 

  1. СОМБРЕ

Самиот збор сомбре настана како спојка од зборовите суптилно + омбре. Значи, сомбрето е поблаго нијансирање каде што разликата меѓу боите не е толку драстична како кај омбрето, т.е. контрастот на нијансите помеѓу коренот и краевите е многу помал. Суптилното нијансирање дава нов изглед и свежина на старата коса.

Во светот на славните, сомбре тимот го предводат Џесика Алба, Кејт Бекинсејл, Џесика Бил, Мила Кунис и Оливија Вајлд.

 

 

  1. БАЛАЈАЖ

Балајажот е наменет за сите припаднички на понежниот пол кои сакаат што поприродно нијансирање со мал контраст. Нема прецизно правило кои прамени ќе бидат нијансирани, па некојпат се нијансираат и само по неколку прамени – чисто да се осенчи косата и да добие друга димензија. Балајажот е многу поблаг од омбрето, но сепак се забележува нијансирањето. Фризерот ги работи прамените по слободен избор.

Познати дами кои не му одолеаа на балајажот се: Џенифер Лопез, Хали Бери, Жизел Бундхен и Ријана.

 

  1. ФЛАМБОЈАЖ

Фламбојажот е комбинација од омбре и балајаж, при што се користи леплива фолија за прамените, со што прецизно се одредува кое количество на коса ќе биде нијансирано. Оваа техника е одлична ако сакате да го освежите изгледот со нијанса малку посветла од вашата сегашна боја на коса.

Фламбојажот го имаме забележано кај Миранда Кер, Селена Гомез, Џенифер Анистон и Кјара.

 

  1. ЛАЈАЖ

Моментално најновиот и најбаран тренд е лајаж. Седите на столче, фризерот ги дели прамените во неколку групации и потоа ги шири на една голема работна маса која се наоѓа зад вас и ги фарба на краевите. Притоа бојата се шири и испреплетува на краевите на косата. Она што е карактеристично за лајажот е тоа што при нијансирањето се постигнува природен изглед, така што на крајот добивате коса која како да е природно посветлена од сонцето. Оваа техника им одговара на сите девојки, без оглед на нивната боја на косата, како посветла, така и потемна.

Ким Кардашијан, Ријана (повторно) и Џиџи Хадид се холивудските дами кои се вистински вљубенички во овој тренд.

 

Драги наши, се надеваме дека ви помогнавме да решите кој вид нијансирање би бил совршен за вас. Сé што треба да сторите е еден брз клик тука, да ја купите зделката во “Мое Студио Дадар” и да си закажете термин за вашата нова фризура.

 

Доколку се двоумите што да изберете, побарајте инспирација во нијансираните фризури на славните сличности кои ги споменавме погоре, испринтајте и однесете им ја омилената слика. Сигурни сме дека стручниот тим на Дадар ќе ви помогне да ја изберете совршената нијанса за вас.

 

 

И секако, не ги заборавајте останатите фризерски зделки со кои се грижиме за вашата коса, како стандардните (миење, шишање, фенирање, фарбање), но и третмани со арганово масло, ботокс, регенерирачки, кератински или луксузен третман. Не ги запоставивме ни припадниците на посилниот пол, па за нив подготвивме зделки со шишање, миење, фенирање, па дури и обликување на брада. За сите овие понуди кликнете овде! 

 

Без оглед што ќе изберете, се надеваме дека ќе бидете задоволни и ќе ни се пофалите со слика од новата фризура, затоа што вашето задоволство е и наше 🙂 До читање!