Таг : стрес

Победете го стресот со релакс масажа

Започна новата работна недела и сигурно веќе се прашувате како и дали ќе успеете да ја издржите истата, заради работните и домашни обврски кои сé повеќе се трупаат. Токму затоа понеделникот е најчесто и најомразениот ден од неделата и веќе од првиот работен ден желно го очекуваме викендот, кога ќе добиеме можност конечно да се одмориме и релаксираме.

 

Брзиот ритам на живот и хроничен стрес сé повеќе влијаат врз нашата физичка и здравствена состојба, што се манифестира со несоница и лош сон, нервоза, напнатост, но и вкочанетост и болки во грбот и ‘рбетот заради прекумерното седење. Стресот исто така ни го намалува имунитетот и нé чини подложни на настинки и болести. Сето ова на подолги патеки може да биде навистина погубно за нас.

 

Но дали навистина мора да биде така? Што кога би постоел начин да се соочиме со сите работни и домашни предизвици и кога би пронашле начин да го минимизираме стресот (кога веќе не можеме да го избегнеме)? Верувале или не, решението за тој наш проблем се нарекува – релакс масажа!

 

 

Масажата не е изум на современото време. Се користи речиси 5000 години, а најстарите масери за кои знаеме се оние од древната кинеска култура, кога истата се користела да ги ублажи болките од напорната физичка работа. Во 2300 година пред н.е. старите Египќани направиле хиероглифски запис со кој опишуваат како најдобро да се масираат нозете и рацете, а Хипократ, таткото на медицината, открил дека со масажата се поттикнува организмот на самоисцелување.

 

Подоцна од 17-тиот до 19-тиот век во западноевропските земји (особено Шведска) се преземаат техниките од античка Кина, Индија, Грција и Рим и со тоа масажата станува дел од современото живеење. Во текот на 20-тиот век масажата доживува вистински процут пред сé во САД, а потоа и низ целиот свет, со познатите велнес центри.

 

Бенефитите од масажата се многубројни и за нив се напишани голем број стручни трудови и книги, но ние накратко ќе ги наведеме најзначајните.

 

Масажата е вистински мелем за вашето тело и дух заради следниве причини:

  • Го јакне имунолошкиот систем
  • Ги намалува главоболките
  • Го поправа држењето на телото
  • Со неа се елиминира стресот и се поправа расположението
  • Ја подобрува слабата циркулација
  • Го намалува високиот крвен притисок
  • Ги опушта напнатите мускули
  • Ја подобрува флексибилноста и подвижноста на зглобовите
  • Овозможува длабоко и побавно дишење (ова е од непроценлива важност за сите оние кои страдаат алергии, бронхит, астма или синуси)
  • Ги олеснува болките во ‘рбетот и грбот, од кои страда 80% од населението
  • Ви овозможува побрзо слабеење, помека и понежна кожа

 

Како што гледате, придобивките од масажата се многубројни и непроценливи. Токму затоа тимот на Купи на Попуст од сé срце ви ја препорачува релакс масажата на цело тело во студио “Алтернатива”.

 

 

Истата трае 40 минути и се изведува со специјални етерични масла за опуштање и ревитализација. Искусните сертифицирани физиотерапевти и масери од “Алтернатива” ќе  ви помогнат на вистински начин да се справите со стресот и нервозите, да го рененерирате вашиот организам и да ја подобрите севкупната здравствена состојба.

 

Затоа, драги наши, ако чувствувате дека стресот го зема својот данок, наместо да посегнете по омиленото чоколадо, цигарите или некој јако калоричен оброк, кој би требало да ви помогне да го “истуркате” напорниот ден, инвестирајте во релакс масажата на “Алтернатива”, која ќе ви пружи не само естетски придобивки (здрава, сјајна кожа) туку и повеќе енергија, подобар сон, отпорност кон болести и посилна концентрација. Зделката по неодолива промотивна цена можете да ја набавите тука! 

 

Но, тоа не е сé што ви подготвивме. За сите вљубеници во масажите имаме низа фантастични зделки, како пакети од 5 антицелулитни масажи, потоа комбо од пилинг плус масажа, масажа со вулкански камења, масажа со чоколадо, медицински масажи, но и масажи за сите идни мајки. Не чекајте, само еден чекор ве дели од овие неодоливи третмани! Купоните за сите нив ве очекуваат на следниов линк.

 

Вдишете длабоко, затворете ги очите, опуштете се и дозволете си да ја почувствувате магијата на релакс масажата во “Алтернатива”!

 

Добредојдени сте да ги споделите вашите впечатоци и искуства во коментарите – затоа што Купи на Попуст е секогаш тука за вас.

Со здраво срце до долг и среќен живот

Без него не може да се замисли ниедна љубовна песна или роман. Со векови е инспирација за многубројни уметници, поети и автори, кои во своите дела ја величаат љубовта. За Аристотел извор на интелигенцијата и мудроста, а за Платон место каде што почива страста. Кога тоа не би постоело, не би можеле ниту да живееме, ниту да сакаме. Да, тоа е нашето срце!

 

 

Честопати го земаме здраво за готово, и речиси го забораваме, затоа што сме преоптоварени со секојдневните грижи, работни обврски и стресно секојдневие. Помислуваме на него дури кога ќе се соочиме со некој голем стрес или траума, како развод или раскинување (оттаму изразот “скршено срце”), смртен случај или отказ. Тогаш срцето, нашиот најверен пријател, реагира со болка во градите која некогаш умее да биде и со фатален исход. Размислете, кога последен пат сте застанале за миг да го ослушнете ритамот на вашето срце?

 

Овој фасцинантен орган, не поголем од стисната тупаница, е најважниот мускул во нашето тело – започнува со работа веќе од 4-тата недела по зачнувањето и секојдневно вредно работи, сé до нашата смрт. Го снабдува со крв целиот организам, а со рамномерното истиснување на крвта од своите шуплини, овозможува правилен проток на кислород низ телото.

 

Знаете ли дека секој ден срцето генерира доволно енергија со која би можел да се извози камион 32 километри? Кога ќе се собере таа бројка во еден просечен животен век, се добива пат до Месечината и назад.

 

Воедно, фасцинантен е податокот дека едно просечно срце чука 72 пати во минута, 100 000 пати дневно. Тоа е 3 600 000 отчукувања годишно, и 2,5 милијарди отчукувања во текот на животот. Познавате ли можеби повреден работник од него? Секако дека не!

 

Како правилно да го чувате срцето? Едно од најдобрите превентивни решенија е смеењето и позитивната енергија. Само 15 минути смеење дневно ќе направат чуда за вашето срце, затоа што дејствуваат исто како и половина час аеробик.

 

Исто така, медитеранската исхрана богата со маслиново масло и редовното вежбање се мошне делотворни за благосостојбата и нормалната функција на срцевиот мускул.

 

Стресот е препорачливо да се избегне, а долколку тоа не можете да го сторите, вежбајте техники за контролирање на стресот. Најстресен ден за вашето срце е понеделник – затоа што голем број од луѓето тогаш се депресивни и стресни поради почетокот на новата работна недела. Токму затоа понеделниците бележат 20% повеќе инфаркти за разлика од другите денови во неделата.

 

Исто така, научниците од Харвард потврдија дека утринските часови носат за 40% зголемен ризик од инфаркти, пред сé поради наглото станување и брзање на работа, а тогаш се лачи и најголемо ниво на стресни хормони. Како што веќе и самите можевте да  заклучите, “најцрн” ден за вашето срце е понеделник наутро. Затоа, без брзање и без нервози, сé ќе биде во ред! 🙂

 

Превентивните професионални совети и анализи можат да бидат од непроценлива помош. Доколку реагирате само кога ќе почувствувате остра или тапа болка во градите, може да биде предоцна. Затоа се од клучна важност навремените прегледи, со кои на вистински начин ќе му се оддолжите на срцето за целата негова посветеност и макотрпна работа.

 

Токму затоа Купи на Попуст, заедно со специјалистичката ординација “Cor Medico” ви нуди единствена можност да направите детален преглед на вашето срце. Професионалците од “Cor Medico” ќе ви дадат низа превентивни корисни совети, а нивниот специјалистички преглед вклучува ЕКГ, анамнеза, физикален преглед, иницијална терапија, мерење на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта, како и триглицериди. По испитувањата добивате детален извештај од лекар специјалист-субспецијалист, како и упатства за понатамошна дијагностика и лекување. Но, она што навистина го издвојува овој преглед од останатите е што “Cor Medico” прават и проценка на 10 годишен ризик на срцеви заболувања! Ова е од непроценлива важност за сите оние кои сакаат да имаат долг и здрав живот. За зделката клик тука! 

 

Купи на Попуст се грижи за вашето севкупно здравје, па затоа освен оваа, ви подготвивме и низа други корисни зделки кои ќе ви помогнат да бидете во одлична здравствена состојба. Комплетни скрининзи на целото тело, акупунктура, испитување на тироида, дентални, кардиолошки, гинеколошки, интернистички прегледи и многу други, кои можете да ги проследите на следниов линк

 

Не дозволувајте им на болестите и стресот да ви го одземат највредното што го поседувате – вашето здравје! Затоа, оваа есен инвестирајте во медицинските зделки на Купи на Попуст. И не заборавајте – грижете се за вашето срце како што и тоа се грижи за вас! <3