Таг : странски јазик

Учиме германски во “Сони Логос”

Ретко што може да ни го збогати умот како учењето на странски јазик. Со учењето на странски јазици не само што ни се отвораат портите на светот и стекнуваме нови пријателства, туку и добиваме непроценливи шанси за подобар живот, поголема заработувачка и професионален напредок.

 

Без разлика дали по првпат сте решиле да изучувате странски јазик или не, дозволете ни да ви препорачаме еден од најбараните странски јазици со кој ќе си отворите неограничени можности. Овојпат ви предлагаме целосен интензивен двомесечен основен курс по германски јазик во едукативно образовниот центар “Сони Логос” за само 790 денари! Оваа неодолива промотивна зделка важи за сите оние кои досега не посетувале никаква настава или не користеле купон во “Сони Логос”.

Не пропуштајте ја единствената можност да учите со високо квалитетни професори, во мали специјално дизајнирани групи (5-8 лица), при што наставниците се максимално посветени на постигнување на одлични резултати кај секој ученик. Интензивниот курс е приспособен според вашите потреби.

 

Меѓу останатото, имате можност и да изберете една од двете локации на “Сони Логос”:

1 ) спроти Vero Jumbo, во н.Маџир маало, ул. Охридска бр 50 или

2)  н.Илинден, ул.8   бр.19, во близина на аптека Зегин

 

Наставата ќе започне од 1.10.2017 година, а во можност сте да купите купон не само за себе, туку и за вашите пријатели кои сакаат да учат заедно со вас. Забавувајте се заедно и учете еден од најценетите јазици на денешницата во “Сони Логос”! За купонот брз клик тука. 

 

 

Некои од вас сега сигурно си велат: “Зделката е навистина супер, но дали навистина се исплати учењето германски? Да не ми биде џабе целиот тој труд?”.

Одговорот на првото прашање е едно големо ДА, а на второто големо НЕ.

 

Многубројни се причините зошто би требало да учите германски, а ние само накратко ќе ви проследиме некои од нив. Веруваме дека потоа едвај ќе чекате да започнете со учење.

 

  • Германскиот јазик е еден од трите службени јазици на ЕУ и еден од десетте најупотребувани јазици во светот. Ако знаете германски, можете да искомуницирате со 100 милиони луѓе – не само во Германија и Австрија, туку и во Швајцарија, Луксембург, делови од северна Италија, источна Белгија и источна Франција. Не случајно ова се некои од најбогатите ЕУ земји и земји со највисок животен стандард.

 

  • Голем број германски универзитети се бесплатни за сите оние кои зборуваат германски. Ова е од непроценлива важност за средношколец кој би сакал да се запише на некој од германските факултети. Исто така, германската економија е трета најсилна во светот, според извозот посилна дури и од САД. Затоа не чуди фактот што познавањето на германски јазик ви ги отвора портите за одлично вработување и добра плата. Ова не важи само за германското говорно подрачје, туку и насекаде низ светот: голем број германски фирми се најсилни играчи на светскиот економски пазар, па затоа не чуди фактот што над 66% Јапонци учат германски, а германските компании во САД вработуваат над 700 000 луѓе. Мултинационалните компании како BMW, Siemens, Lufthansa имаат или основаат свои подружници во речиси секоја земја во светот. Зборувајте германски, работете глобално!

 

 

  • Еден од најголемите (и лажни митови) е дека германскиот е многу тежок за учење. Доколку го знаете солидно англискиот јазик, германскиот ќе го научите навистина брзо, затоа што и двата имаат исти јазични корени – германски. Токму затоа голем број англиски зборови личат на некои германски термини, и обратно. Пристапете му на јазикот со отворен ум и без предрасуди и ќе се изненадите колку брзо ќе го совладате.

 

  • Што имаат заедничко Моцарт, Бах, Бетовен, Шуберт, Брамс, Шуман и Вагнер? Или Гете, Ниче и Кафка? Првите се врвни композитори, а вторите исклучителни писатели и автори. Но она што ги обединува е германскиот јазик, кој е навистина јазик на културата. Секоја година во Германија се објавуваат 80 000 нови книги, а многу мал дел од нив се преведуваат на други јазици. Но германскиот не доминира само на културен план, туку и на научно поле. Знаете ли дека германскиот е втор најупотребуван јазик помеѓу научниците? Над 100 Нобелови награди се доделени на Германци за достигнувања во физиката, медицината, хемијата, литературата и други области. Без оглед на тоа дали претендирате да станете нобеловец, доколку сакате да ѝ се посветите на науката, германскиот е вистински избор за вас.

 

Драги наши, се надеваме дека ви помогнавме да го направите вистинскиот избор за вас и оваа есен да инвестирате во вашето знаење и иднина. Побрзајте ја и купете ја зделката од Сони Логос, затоа што местата навистина брзо се пополнуваат, а оние кои сакаат да се посветат уште повеќе на учењето, тука можат да најдат разни стручни компјутерски курсеви, уметнички курсеви (сликање, керамика, вајање, гитара), а имаме и валцер курс за сте идни младоженци и невести. И не заборавајте, едно од најголемите животни богатства  е знаењето. Viel Glück! 🙂