Таг : прошетка

Шопинг во “One Salonica Outlet Mall”

Дали сакате да патувате? А да одите на шопинг? Доколку одговоривте потврдно на двете прашања, имаме супер понуда за вас! Имено, се решивме да ве израдуваме со одлична промотивна акција – еднодневен шопинг и прошетка во Солун за две лица. И сето тоа по неодолива промотивна цена за само 800 денари за двајца, односно 400 денари по човек!

 

Доколку сакате да се подновите со ново парче есенска или зимска гардероба по мошне пристапни цени, и тоа од брендови кои ги нема кај нас, Солун е вашиот вистински избор. Освен тоа што е еден од најубавите градови во Грција, Солун секојпат ги освојува туристите со својата Бела Кула, плоштадот Аристотелис, превкусното гиро и колачи од слаткарниците, како и фантастичната морска панорама. Да, не постои уживање кое може да се мери со испивањето на вкусно кафе покрај море, а Солун ви го овозможува токму тоа!

 

Затоа не е изненадувачки што Солун е една од омилените дестинации за нашите граѓани, кои добиваат можност за прошетка низ еден од најубавите градови на Балканот, како и прилика да ја освежат својата гардероба низ многубројните бутици и шопинг центри. Овојпат туристичката агенција “Савана” и Купи на Попуст ве вoдат во еден од најубавите шопинг молови во Солун, “One Salonica Outlet Mall”!

 

Сместен во срцето на градот, на само 10 минути до центарот и Аристотелис плоштадот, “One Salonica Outlet Mall” е вистински избор за сите оние кои посакуваат широк избор на брендови и разни продавници, по мошне пристапни цени. Истиот се простира на 13 300 квадратни метри. Поседува повеќе од 100 продавници, комбинирајќи ги на уникатен начин светските и домашните грчки брендови.

 

 

Тука можете да ги најдете outlet продавниците на Polo Ralph Lauren, Hugo Boss, Nike, Diesel, Tommy Hilfiger, Pinko, Juicy Couture, Pinko, Ugg, Converse, Folli Follie, Guess, Franklin Marshall, Calvin Klein Jeans, Ted Baker, Samsonite, Gant, Lacoste, Adidas, Puma, Benetton, Mango, Nautica, Petit Bateau, BSB, Navy & Green – и многу, многу други, неретко со роба по фабрички цени.

 

А кога ќе посакате да здивнете од купувањето и да каснете нешто за да се освежите, на располагање ви стојат многубројните интернационални ресторани и кафетерии во молот, како “Bufala Gelato” (сладоледи), “Cinnabon” (највкусните ролнички со цимет и одлично кафе), потоа “Grn” (незаборавни гиро сендвичи), “Hot Pot” врвни италијански тестенини, салати, брускети), “McDonalds” (веруваме дека за него не е потребно објаснување), “Savvikos” (највкусно суфлаки во градот, со традиција од 1947 година) и многу други.

 

Уште една причина зошто “One Salonica Outlet Mall” е омилена дестинација за голем број семејни туристи e тоа што поседува огромен хипермаркет на 7600 метри квадратни – “Sklavenitis”. Тука можете да најдете превкусна пекара, готови јадења, свежо месо и риба, но и голем број работи за домаќинството, како на пример играчки или мал мебел. Оние кои сакаат квалитетна облека по попристапни цени од горенаведените брендирани бутици, тука можат да најдат квалитетна облека и чевли за мажи, жени и деца.

 

“One Salonica Outlet Mall” нуди многубројни акции, попусти и промоции на попуст во текот на целата година, па кога и да појдете, гарантирано ќе пронајдете некоја распродажба во голем дел од продавниците. Попустите знаат да достигнат и до фантастични 70%!

 

 

Ако правилно се распоредите и го испланирате времето, можете да го прошетате и центарот на градот и кејот и да направите незаборавни фотографии од убавиот Солун.

 

Тука можете да го разгледате подетално “One Salonica Outlet Mall” и да си направите список на омилените продавници кои сакате да ги посетите, а овде ве очекува фантастичната понуда на “Савана” за еднодневен шопинг за само 800 денари за две лица!

 

Не пропуштајте ја можноста за симболична сума да го доживеете преубавиот Солун и да се освежите со некој уникатен моден додаток! “One Salonica Outlet Mall” и Солун ве очекуваат. Уживајте во патувањето и шопингот! 🙂