Таг : понуда

post image

Со попуст до нови муштерии!

Почитувани,

 

Постоиме веќе 7-та година и голем број на фирми од различна големина и дејност отворија понуда на kupinapopust со цел да инвестираат во ефективна и ефикасна реклама, како и да ја зголемат својата продажба. Моделот на рекламирање на kupinapopust е единствен модел коишто нуди рекламирање со мерлив ефект, поточно колку продадени купони = толку муштерии. Трошокот за овој тип на реклама е далеку помал од телевизиска, радио, билборд или било која друга реклама. Со други зборови, се што ни е потребно нам е да добиеме навистина привлечна понуда од која издвојуваме разумна провизија само во случај на продаден купон. Понудата по супер промотивна цена е нашиот главен адут за да го привлечеме вниманието на нашите корисници и истите да ги преточиме во Ваши муштерии. Со цел да ви ја претставиме нашата промотивна-продажна моќ и да ве информираме за основните услови за соработка, го изработивме овој online каталог кој ќе ви послужи подетално да се информирате во врска со објава на Вашата понуда на kupinapopust.mk. Ве очекуваме!

 

Клик овде – Kupinapopust понуда!

Канцеларија и коресподенција
Ул.Никола Вапцаров бр.3/1, Центар, реон 8, 1000, Скопје, Македонија
Фиксен тел.: 02 3 215 988, 02 3 256 027,
моб. VIP 070 732 842, 071 315 460, (достапни секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот).
e-mail: komercija@kupinapopust.mk
Kupinapopust.mk е дел од Груп Поинт дооел Скопје


Kupinapopust кошничка

Дали се сеќавате дека минатата недела ви ветивме едно изненадување, со што значително ќе ви се олесни купувањето на нашите понуди? Сега конечно можеме и да ви го претставиме она на што вредно и посветено работевме изминатиов период – Купи на Попуст кошничката! 🙂

 

Нашите среќни и задоволни корисници ни се секогаш на прво место, па затоа решивме да направиме нешто со што ќе ви овозможиме уште побрзо и полесно купување, со само еден клик.

 

Отсега нема повеќе конфузно пребарување од типот: “Чекај, мислам дека видов супер понуда прееска, каде ли ја изгубив…”. Ниту пак мора да помните или отворате неколку омилени зделки во разни прозорчиња, па да ги купувате една по една. Од денес па натаму секоја посакувана зделка можете да си ја ставите во кошничката, а штом истата ќе ја наполните, со само еден клик ќе ги добиете сите посакувани производи и услуги!

 

Еве како да купувате со нашата кошничка во 4 едноставни чекори:

 

  • Најпрвин логирајте се или регистрирајте се како нов корисник на следниот линк. Регистрацијата и/или логирањето се клучни за да можете да добиете kupinapopust поени и за да ги искористите истите за добивање на попусти или гратис производи и услуги. За тоа зборувавме во претходниот пост. 

 

 

  • По логирањето, ја бирате зделката која сакате да ја купите. Лево, веднаш под зеленото копче за купување, имате три помали копчиња.

 

Портокаловото копче служи да ја купите зделката како подарок.

 

Второто копче, веднаш до него (ѕвездичката), служи за да ја сочувате зделката која ви фатила око. Кога ќе ја најдете, само кликнувате на него, со што понудата ја додавате во Омилени, и иконката ѕвездичка во горниот десен агол од сајтот ќе светне. Тоа значи дека сте додале омилена зделка на која можете да ѝ се навратите кога сакате, штом ќе кликнете на иконката ѕвездичка горе десно. Ако сакате да ја отстраните зделката од Омилени, само кликнете на копчето Х, во горниот десен агол на зделката, и таа ќе исчезне.

 

Третото копче е токму кошничката! Ако стиснете на него, зделката автоматски оди во вашата Купи на Попуст кошничка. Сите зделки од вашата кошничка можете да ги видите во горниот десен агол на сајтот. Тоа е иконата со кошничка, веднаш до линкот за нашиот блог.

 

 

  • Потоа можете да продолжите со избор на интересни зделки. Сé што сакате додавате во кошничката со клик на претходноспомнатото копче. Откако го направивте вашиот избор, кликате на иконата за кошничка во горниот десен агол на сајтот и тука можете да ги видите сите зделки кои моментално ги има во неа.

Доколку евентуално сте се премислиле и повеќе не сакате да купите некоја зделка, едноставно кликнувате на копчето Х, во горниот десен агол на зделката, и таа ќе биде отстранета од кошничката.

 

  • Ако сé е во ред, кликнувате на зеленото копче најдолу на кое пишува: “Продолжи кон плаќање”. Од вашата платежна картичка ќе биде наплатена сумата (збирот) од сите зделки кои сте ги избрале. Значи со еден клик плаќате за сите посакувани производи и услуги.

 

 

Не заборавајте дека плаќањето со платежната картичка е најбрзиот и наједноставен начин да го добиете посакуваниот попуст! Вашите податоци се 100% безбедни, затоа што при плаќањето вашата картичка поминува низ сигурносна верификација, а ние во ниеден случај немаме пристап до бројот на картичката или вашите лични податоци.

 

По купувањето, соодветните купони за зделките ги добивате на вашата е-мејл адреса, исто како и досега. Брзо, лесно и едноставно купување на повеќе производи и услуги – со само еден единствен клик.

 

Сега можете да ги проследите сите наши понуди тука и да си ги изберете омилените без грижа дека нешто сте пропуштиле. Купи на Попуст кошничката е тука за да ви го олесни купувањето и да го направи истото супер лесно.

 

Драги наши корисници, ви посакуваме пријатно и безгрижно купување со нашата  кошничка! Купувајте, штедете и уживајте со зделките на Купи на Попуст! 🙂

Со “kupinapopust” поени до дополнителен попуст или целосно бесплатен ваучер

Драги наши, ни дојде и овој викенд, а ние решивме да ви приредиме едно убаво изненадување. Дали знаете дека колку повеќе купувате од нашите зделки, толку повеќе штедите? Или дека можете да добиете низа услуги и/или производи целосно бесплатно? 🙂

 

Како е тоа можно, се прашувате? Постои ли некоја скриена финта? Останете со нас до крај на текстов и ќе ви ја откриеме тајната како да дојдете до уште поголеми попусти на веќе постоечките понуди, но и како можете да добиете гратис услуги и производи!

 

За да купувате кај нас, најпрвин треба да се логирате или да се регистрирате како нов корисник на следниот линк. 

 

Потоа одите на нашата почетна страница и ја бирате посакуваната зделка. На пример, ја бираме зделкава за Банско. 

 

Ќе забележите дека веднаш над зеленото копче за купување одлево, пишува: “Со купување на овој ваучер добивате 18 “kupinapopust” поени.”   

 

Токму таа реченица е клуч за да добиете уште поголем попуст на постоечките зделки, па дури и некои производи целосно бесплатно!

 

Имено, секој ваш поен се смета како еден денар. Поените се собираат на вашата сметка при секое купување. Кај речиси секоја зделка над зеленото копче за купување пишува колку поени добивате при секое купување.

 

 

Како да дојдете до што поголем број поени, кои потоа можете да ги искористите за некоја омилена зделка? Постојат 3 начини на кои можете да добиете “kupinapopust” поени:

 

1. Со купување на што поголем број зделки. Колку повеќе купувате, толку повеќе штедите и толку повеќе поени добивате!

 

 2. Ако го внесете датумот на вашиот следен роденден во вашиот кориснички профил, ние ќе ви подариме 50 роденденски “kupinapopust” поени на тој ден. Односно, на вашата сметка ќе добиете роденденски бонус од 50 денари кои можете да ги искористите да се почестите. ?

 

3. Одушевени сте од тоа колку добра зделка купивте кај нас? Споделете ја радоста со светот и со тимот на Купи на Попуст! Сликајте се при искористување на понудата и испратете ни ја сликата заедно со напомена за која зделка се работи, на следниов e-mail: contact@kupinapopust.mk. Сликата ќе биде објавена на нашиот ѕид, а вие брзо и лесно ќе добиете 50 “kupinapopust” поени на вашата сметка.

 

Бидејќи сме секојдневно посветени на нашите корисници, на сликите сакаме да ве видиме токму ВАС супер насмеани и задоволни од секоја фантастична зделка! 🙂 Затоа, на пример, слика на која фигурира само производот или зделката која ја нудиме (пр. Превкусна пица или панорамски поглед на Банско), а вас никаде ве нема на неа, нема да биде земена во предвид. Мобилните во раце и стартувајте со сликање и одлични селфија. Поените ве очекуваат!

 

Она што мора да го знаете е дека собраните поени ви важат два месеци од денот кога сте ги освоиле и ако не ги искористите во тој рок, ќе ви пропаднат. Не дозволувајте тоа да ви се случи. Реагирајте навреме! Логирајте се на сајтот и употребете ги за некоја од актуелните понуди. Доколку сте собрале пристојна сума, можете да добиете и целосно гратис производ! 😉

 

 

Исто така, поените “kupinapopust” можете да ги искористите само кога се работи за понуди од 150 денари или повеќе. Ако вредноста на зделката е помала од 150 денари, ќе треба да купите два ваучери.

 

Добиените поени можете да ги користите исклучиво за понудите на “Купи на Попуст” и не може да бидат заменети за пари. Веруваме дека ова нема да ви биде проблем, бидејќи добро знаете дека имаме широк асортиман на зделки, во кои секој може да пронајде нешто адекватно за себеси или најблиските.

 

Разубавете си ги претстојниве денови од викендот со нашите зделки! Собирајте ги вредните “kupinapopust” поени и споделете ја вашата радост со нас преку фантастични слики, а ние наредната недела ќе ве изненадиме со уште една новост, за ваше порелаксирано и безгрижно купување. Stay tuned & enjoy the weekend! Ве сака тимот на Купи на Попуст!  ❤️