Таг : планина

5 Причини за незаборавен зимски одмор во Банско!

ТОП 5 причини зошто да престојувате во Банско и оваа сезона
Ова се хотелите кои ги препорачуваме! 

 

Една стара поговорка вели дека среќата не може да се купи со пари. Меѓутоа, научниците докажаа дека тоа и не е баш така. Имено, парите навистина можат да ве усреќат ако ги трошите на драгоцени искуства, а не на материјални нешта. Притоа, едно од најскапоцените искуства кои човек може да ги доживее е да патува. Да, патувањата се навистина храна за душата!

 

И додека сите ние сакаме да патуваме, на многумина од нас ни е познато колку може да биде стресна ситуацијата кога чекаме некоја добра “last minute” зделка од туристичките агенции, надевајќи се дека ќе грабнеме најповолна понуда. Желбата не секојпат ни се остварува бидејќи за истите постои голема навалица и понудите се распродаваат веднаш штом ќе бидат објавени. Истото важи и за хотелските аранжмани. Колкупати за влакно сте ја изгубиле посакуваната соба, само затоа што некој друг уплатил пред вас? Третата, најризична опција, ја практикуваат најлудите и најхрабрите туристи кои патуваат во сопствена режија и самите си бараат смесување на лице место. Во таа алтернатива немате друг избор освен да се задоволите со првата слободна соба, затоа што сé брзо се пополнува, особено во сезона.

 

Како да се избегнат сите овие недоумици и стресови при патувањето? Како да резервирате одличен хотел по најповолни цени и да се одморите сосема мирно и спокојно, избегнувајќи ја трката по најповолен аранжман? Не грижете се повеќе, Купи на Попуст го има совршеното решение за вашиот зимски одмор! 😉

 

 

Овојпат ви го нудиме планинскиот бисер на Бугарија – Банско. Во продолжение ќе ви наведеме повеќе причини зошто ова планинско место би требало да биде вашата совршена дестинација за одмор во есенските и зимските месеци кои ни претстојат.

 

1. Иако Бугарија долго време беше позната по своето приморје и црноморските плажи по багателни цени, последниве години планинските центри како Банско, Боровец или Пампорово стануваат ултра популарни меѓу сите оние кои сакаат да скијаат или едноставно да се одморат на планина. Сезоната за зимски одмор започнува на средината на декември и трае сé до средината на април. Чистиот снег, одичните скијачки патеки, долги седумдестина километри и благопријатната клима придонесуваат за фантастичен одмор.

 

2. Широк дијапазон на фантастични хотели. Да, Банско располага со хотелско сместување за сечиј џеб, почнувајќи од хотелите со 2 ѕвездички, па сé до оние супер луксузни со 5 ѕвезди. Неретко сите овие хотели нудат разни бесплатни услуги, кои на друго место сигурно би ви ги наплатиле. Совршен пример за тоа се спа центрите, кои ги има во речиси секој хотел. Можете сосема бесплатно да се релаксирате во базен, сауна или да добиете масажа. И сето тоа е гратис!

3. Банско ви нуди врвна храна и забава по мошне пристапни цени. Чисто за пример, ако сакате да скијате на француските Алпи, таму за едно пиво морате да издвоите 6 евра. Во Банско го добивате истото за цена од 1,5 – 2 евра максимум. Истото важи и за храната. Сите гурмани можат да се почестат во некоја од многубројните таверни или ресторани, каде што можете да пробате и традиционални јадења. Порциите им се обилни, како и кај нас. Сепак, имајте на ум дека храната е дупло поскапа на падините и скијалиштата, отколку во градот. Па така на пример, ако еден богат ручек во градот е 10 евра, на скијалиштата истиот ќе ве чини 20-тина евра. Сепак, вреди да бидете гостин во некоја од традиционалните таверни и да пробате од нивните деликатеси. 🙂

 

 

4. Банско не би било тоа што е, кога не би ги имало снегот и величествените скијачки падини и патеки. Со 75 километри совршено одржани скијачки патеки, модерни ски лифтови и планински врв од 2600 метри, Банско е апсолутен фаворит за секој кој сака да помине незаборавни скијачки мигови. Исто така, вреди да се знае дека постојат и скијачки школи за почетници по симболични цени, па дури и ски патеки со различна тежина (од почетници до експертско ниво). Но она што е најфасцинантно е дека Банско има дури 161 машина за вештачки снег, со што сте осигурани дека во секое време ќе имате снежна прекривка за скијање!

5. Овој планински туристички центар е незаборавен спој на традиционалното и модерното време. За разлика од алпските скијалишта, Банско има традиција која се протега стотици години наназад. Камените цркви изградени во турско време носат посебен историски шмек и прават контраст со денешната модерна култура. Дрвените куќички и бараки имаат свој посебен шарм по кој се издвојуваат од ултралуксузните хотели, а сепак сите заедно создаваат една уникатна и фасцинантна зимска панорама. Доколку сакате да посетите совршен спој од рустикалното и модерното, Банско е токму за вас!

 

Драги наши, сé што треба да сторите е да ја купите омилената зделка од нашите понуди во Банско на овој ЛИНК и потоа безгрижно да се спакувате. Патувајте и уживајте во снежното Банско со Купи на Попуст! ❄️ ⛷️ ❄️

Откријте ги туристичките бисери на Македонија

Убавото време сé уште одлично нé служи, па затоа на прагот на овој викенд сакаме да ве израдуваме со одлични попусти за патувања. Но овојпат не се решивме за некои од странските дестинации, туку за најубавите македонски туристички и излетнички места.

 

Доколку сте посакувале подетално да ги запознаете македонските природни убавини, но и да се разгалите во комфорен и пријатен смештај кој во ништо не заостанува зад светските угостителски критериуми, веруваме дека ќе ви се допаднат попустите кои ви ги нудиме во прилог. Ова е уникатна можност од прва рака да ги искусите македонските природни убавини и најпопуларни туристички дестинации, кои стануваат сé попопуларни и кај странските туристи.

 

Започнуваме со најпознатиот македонски туристички бисер – Охрид! Најстарото езеро во Европа и градот со дури 365 цркви (по една за секој ден во годината) никого не оставаат рамнодушен. Токму затоа во “Балканскиот Ерусалим” секоја година доаѓаат сé повеќе и повеќе странски туристи Дали знаете дека старото име на Охрид е Лихнида, што во превод значи “градот на светлината”? Затоа дозволете му на овој блескав град да ве освои! Денес Охрид ја носи и престижната титула – дел од светското наследство на УНЕСКО. За вашиот престој во оваа најпопуларна македонска дестинација за вас ги издвоивме aпартмани “Охридика“, потоа де лукс апартманите “Јован”, вилата “TOMIĆ“, вилата “Stefano” како и апартманите “Донески”. Оние пак кои преферираат хотелско сместување, можат да се определат за хотелските комплекси “Маива” и “Климетица 2” со 4 ѕвезди, во туристичката населба св. Стефан, во близина на Охрид. Истите се опкружени со борова шума и се на само педесетина метри од езерската шир. Луксузно сместување и прекрасен природен амбиент, има ли нешто поубаво од тоа? Секако дека не!

 

Како Струга нема друга! Родното место на браќата Миладиновци, и домаќин на меѓународно познатите Струшките Вечери на Поезијата,  Струга е град со богато културно и историско минато. Цивилизацијата во Струга потекнува уште од неолитско време, а старото име на градот – Енхалон, верувале или не, означувало “јагула”! Ова шармантно градче го освојува секој посетител, а старите Стружани за тоа знаат да кажат: “Кога ќе пукне туристичката сезона, Струга наеднаш се изменува, небаре низ чаршијата пројурил Св. Ѓорѓија на бел коњ и со копје им ја пуштил застојаната крв, и сè се разживеало!”. Почувствувајте ги и вие струшките убавини во суперлуксузниот хотел “Изгрев” со 5 ѕвездички. Светско, а наше!

 

Најмалиот македонски езерско туристички бисер е Дојран, но имајте на ум дека некогаш токму најубавите нешта доаѓаат во мали пакувања 😉  Само проследете ја нашата понуда за прекрасните апартмани “Bella Villa” во Нов Дојран и ви гарантираме дека отсега натаму ова ќе биде вашата омилена дестинација за одмор и полнење на батериите. Врвно уживање во чист воздух, превкусна риба и суперлуксузен смештај!

 

Македонија не ги привлекува туристите само со своите езерски широчини. Напротив. Имаме итекако со што да се гордееме кога станува збор и за планинските градови и туристички центри, кои се вистински оази на чист воздух и прекрасна, недопрена природа.

 

Револуционерното Крушево со својата надморска височина од 1350 метри се смета за највисоко градче на Балканскиот полуостров. Градот без кој не би ги имале Илинденското востание и Крушевската Република се одликува со исклучителен уникатен шарм и едноставност. Крушевската староградска архитектура, уметноста на Никола Мартиноски и фасцинантните резби и копаничарството се нешто што засекогаш ќе го паметите. Посетете го родниот град на Тоше Проески и откријте ги волшебствата на Крушево! Крушевските домаќини ве очекуваат во апартманите “Бубамара“, апартманите “Никола”, како и вила “Софија”.

 

Уште еден незаборавен планински бисер е Берово, градче со најчист воздух во цела Македонија, па и пошироко. Дом на голем број македонски револуционери, Берово е опкружено со изобилие од букови, борови и дабови шуми. Целата таа убавина се надополнува со прекрасното Беровско Езеро, вистинско место за хармонија и релаксација. Ако го посетите Берово, никако не заборавајте да ги пробате највкусниот беровски компир и сирење, гастрономската гордост на градот! Беровчани срдечно ќе ве пречекаат во апармани “Хестиа”, вила “Клепало” или пак во хотелот “Манастир“.

 

Оние кои сакаат да се одморат во ултралуксузен хотелски комплекс во планина, да уживаат и во шума и во езеро истовремено, ќе бидат одушевени од хотел “Радика”, лоциран во националниот парк Маврово. Хотелот е еден од најлуксузните во Македонија, располага со врвен спа центар и современи, удобни и елегантни соби. Доколку сакате да избегате од градската врева и стрес, ова е вистинското место за вас!

 

 

За оние кои бараат гастрономски етно шмек, ги препорачуваме етно село “Тимчевски“, во село Младо Нагоричане, Кумановско и ресторан вилата “Осоговска Куќа” на Пониква. Кај нив добивате не само врвен смештај, туку и можност да вкусите низа специјалитети на локалната кујна, како на пример зелник под вршник, селско месо, домашен колбас и пинџур, специјалитети на скара, домашно приготвени чорби, риба и низа други оброци во фурна, како во дамнешните времиња.

 

Но, ако помисливте дека сите овие понуди се направени само за Скопјани, се излажавте.  Имено, сите оние кои се од внатрешноста на нашата убава Македонија, а сакаат да го посетат главниот град и да уживаат во него, тоа можат да го сторат така што ќе изберат сместување во апартманите “Ања” или во хостелот “Station Guest House”, во самиот центар на градот. Почувствувајте ја динамиката на македонската метропола и откријте зошто секој одново и одново му се враќа на Скопје! До читање!

post image

Грција, Бугарско Приморје или Банско!

“ Патувањата се храна за душата ”

Верувам дека секој од нас сака да патува и го практикувал истото повеќе пати во животот. Секој од нас има омилени места кои сака да ги посетува, и често се навраќа на истите. Патуваме првично за да се изгубиме во убавините кои не опкружуваат, да запознаеме различни култури, со тоа ги отвараме нашите срца и очи. Патуваме во делови од светот во кои богатствата и луѓето се различни од нашето општество. Убавината на целиот овој процес е што не треба многу за да се одлучиме на ваков потег. Луксузот кој го нуди овој вид на уживање е незаменлив, со овој чекор ние на некој начин ги оставаме позади нас сите проблеми и грижи, возбудени сме и ги гледаме работите со поинаква светлина и од поинаков агол.  Доволни се неколку часа и да стигнеме до прекрасни места кои ги има во изобилство, но и во нашата земја. Треба да ги посетиме и да бидеме свесни за околината во која живееме.

Не е потребно многу да се зборува за желбата за патување, но од друга страна буџетот кој го имаме не секогаш е доволен за да си го пружиме посакуваното патување и да уживаме на посакуваното ниво. Еден од начините да заштедиме или да побараме сместување според нашиот буџет е да се јавиме на 071 315 460, 075 370 399 или да пишеме на komercija@kupinapopust.mk и тимот на kupinapopust.mk ќе направи се што е во нивна сила за да ви ја испрати најдобрата понуда.
За ова лето ги препорачуваме нашите понуда за Грција, Бугарското приморје (Златни песоци, Сончев брег, Несебар) и Банско. Сите наши понуди може да ги погледнете на следниов линк: Патувања

 

Банско

За вистински одмор на планина. Кислород и минерална вода почнувајќи од 15,5 евра по лице за ноќевање на база All inclusive!

  

Бугарија

Златни песоци, Сончев брег, Несебар – 18 евра по лице за All inclusive во хотел Dana Park. Понуда која не се пропушта!

  

Грција

Широк избор на хотели по супер промотивни цени! Пишете ни на komercija@kupinapopust.mk или јавете се на 071 315 460, 075 370 399 и ќе Ви одговориме со примамлива понуда!