Таг : патување

5 Причини за незаборавен зимски одмор во Банско!

ТОП 5 причини зошто да престојувате во Банско и оваа сезона
Ова се хотелите кои ги препорачуваме! 

 

Една стара поговорка вели дека среќата не може да се купи со пари. Меѓутоа, научниците докажаа дека тоа и не е баш така. Имено, парите навистина можат да ве усреќат ако ги трошите на драгоцени искуства, а не на материјални нешта. Притоа, едно од најскапоцените искуства кои човек може да ги доживее е да патува. Да, патувањата се навистина храна за душата!

 

И додека сите ние сакаме да патуваме, на многумина од нас ни е познато колку може да биде стресна ситуацијата кога чекаме некоја добра “last minute” зделка од туристичките агенции, надевајќи се дека ќе грабнеме најповолна понуда. Желбата не секојпат ни се остварува бидејќи за истите постои голема навалица и понудите се распродаваат веднаш штом ќе бидат објавени. Истото важи и за хотелските аранжмани. Колкупати за влакно сте ја изгубиле посакуваната соба, само затоа што некој друг уплатил пред вас? Третата, најризична опција, ја практикуваат најлудите и најхрабрите туристи кои патуваат во сопствена режија и самите си бараат смесување на лице место. Во таа алтернатива немате друг избор освен да се задоволите со првата слободна соба, затоа што сé брзо се пополнува, особено во сезона.

 

Како да се избегнат сите овие недоумици и стресови при патувањето? Како да резервирате одличен хотел по најповолни цени и да се одморите сосема мирно и спокојно, избегнувајќи ја трката по најповолен аранжман? Не грижете се повеќе, Купи на Попуст го има совршеното решение за вашиот зимски одмор! 😉

 

 

Овојпат ви го нудиме планинскиот бисер на Бугарија – Банско. Во продолжение ќе ви наведеме повеќе причини зошто ова планинско место би требало да биде вашата совршена дестинација за одмор во есенските и зимските месеци кои ни претстојат.

 

1. Иако Бугарија долго време беше позната по своето приморје и црноморските плажи по багателни цени, последниве години планинските центри како Банско, Боровец или Пампорово стануваат ултра популарни меѓу сите оние кои сакаат да скијаат или едноставно да се одморат на планина. Сезоната за зимски одмор започнува на средината на декември и трае сé до средината на април. Чистиот снег, одичните скијачки патеки, долги седумдестина километри и благопријатната клима придонесуваат за фантастичен одмор.

 

2. Широк дијапазон на фантастични хотели. Да, Банско располага со хотелско сместување за сечиј џеб, почнувајќи од хотелите со 2 ѕвездички, па сé до оние супер луксузни со 5 ѕвезди. Неретко сите овие хотели нудат разни бесплатни услуги, кои на друго место сигурно би ви ги наплатиле. Совршен пример за тоа се спа центрите, кои ги има во речиси секој хотел. Можете сосема бесплатно да се релаксирате во базен, сауна или да добиете масажа. И сето тоа е гратис!

3. Банско ви нуди врвна храна и забава по мошне пристапни цени. Чисто за пример, ако сакате да скијате на француските Алпи, таму за едно пиво морате да издвоите 6 евра. Во Банско го добивате истото за цена од 1,5 – 2 евра максимум. Истото важи и за храната. Сите гурмани можат да се почестат во некоја од многубројните таверни или ресторани, каде што можете да пробате и традиционални јадења. Порциите им се обилни, како и кај нас. Сепак, имајте на ум дека храната е дупло поскапа на падините и скијалиштата, отколку во градот. Па така на пример, ако еден богат ручек во градот е 10 евра, на скијалиштата истиот ќе ве чини 20-тина евра. Сепак, вреди да бидете гостин во некоја од традиционалните таверни и да пробате од нивните деликатеси. 🙂

 

 

4. Банско не би било тоа што е, кога не би ги имало снегот и величествените скијачки падини и патеки. Со 75 километри совршено одржани скијачки патеки, модерни ски лифтови и планински врв од 2600 метри, Банско е апсолутен фаворит за секој кој сака да помине незаборавни скијачки мигови. Исто така, вреди да се знае дека постојат и скијачки школи за почетници по симболични цени, па дури и ски патеки со различна тежина (од почетници до експертско ниво). Но она што е најфасцинантно е дека Банско има дури 161 машина за вештачки снег, со што сте осигурани дека во секое време ќе имате снежна прекривка за скијање!

5. Овој планински туристички центар е незаборавен спој на традиционалното и модерното време. За разлика од алпските скијалишта, Банско има традиција која се протега стотици години наназад. Камените цркви изградени во турско време носат посебен историски шмек и прават контраст со денешната модерна култура. Дрвените куќички и бараки имаат свој посебен шарм по кој се издвојуваат од ултралуксузните хотели, а сепак сите заедно создаваат една уникатна и фасцинантна зимска панорама. Доколку сакате да посетите совршен спој од рустикалното и модерното, Банско е токму за вас!

 

Драги наши, сé што треба да сторите е да ја купите омилената зделка од нашите понуди во Банско на овој ЛИНК и потоа безгрижно да се спакувате. Патувајте и уживајте во снежното Банско со Купи на Попуст! ❄️ ⛷️ ❄️

Есенски шопинг во Софија

Доколку сакате да си го разубавите претстојниот викенд и да посетите балканска метропола која се одликува со богата историја, но и мошне прифатливи цени за наш стандард, ви предлагаме да ја посетите Софија! Главниот град на Бугарија датира уште од пред 7000 години и се смета за втор најстар град во Европа.

 

Сите оние кои посакувале да го посетат овој интересен и волшебен град, сега можат да го сторат тоа, затоа што Купи на Попуст заедно со туристичката агенција “Бисер Пром” во сабота 18.11 или недела 19.11.2017 ве водат на незаборавна шопинг тура низ Софија,  и тоа дури на три локации. Купонот ве очекува на следниов линк 😉

За само 690 денари за 2 лица добивате можност да го посетите најголемиот шопинг мол во Бугарија – Paradise Center, потоа Ikea Ring Mall и познатиот Decathlon!

 

Paradise Center e отворен во 2013 година и оттогаш неговата популарност постојано расте. Молот претставува уникатна синергија помеѓу урбаната средина, човекот и природата. Па така, иако е шопинг центар, поделен е на 4 целини: градина, кањон, тераса и булевар. Сите тие поседуваат зеленило, шеталишта со дрвореди, па дури и водопад! Добивате уникатно искуство на шопингување во зелена и природна околина. Молот навистина на еден шармантен начин ја отсликува Софија – динамичен, модерен, зелен спој на природата и урбанизмот.

 

Paradise Center поседува над 350 продавници со над 1000 брендови, на 80 000 метри квадратни. Сé што некојпат сте посакувале да купите, а не сте знаеле каде, ќе го најдете тука. Женска и машка мода, акцесоари, играчки, цвеќе, парфеми, долна облека, спортски брендови, чевли и чанти – овој мол има понешто за сечиј вкус и џеб.

 

 

Од бутиците, Inditex групацијата е застапена со Zara, Bershka, Pull&Bear, Stradivarius, Massimo Dutti, Oysho, LPP – Reserved, Mohito, Cropp Town, House. Најголемата продавница на Балканот на Marks&Spencer е токму тука, како и H&M. Следат Dirk Bikkembergs, Original Marines, Folli Follie, Collective, Who’s Who, Sadro Ferrone и разни други брендови. Најлуксузните се застапени со Tommy Hilfiger, Escada, Versace Collection, Cesare Paciotti, BCBGMAXAZRIA, Masons, Wolford, Morrigan, Bebe и други. Молот ги отвора портите за посетителите рано наутро од 6:30, а работи до 2 часот по полноќ.

 

Тука можете да ја проследите пребогатата понуда на Paradise Center, како и да си го пронајдете омиленото парче облека или акцесоар кој веќе долго посакувате да го купите.

 

Доколку сакате да го посетите само Paradise Center, ќе може намира во него да шопингувате до времето предвидено за заминување (16:30 часот), а ако пак сакате да искусите сé, одиме до  Ikea Ring Mall!

 

Напознатиот шведски гигант за мебел, по принципот “направи сам” отвори свои продавници во Бугарија (Варна, Бургас и Софија) од кои најпозната е токму онаа во бугарската метропола. Ikea се одликува со скандинавски квалитет и мошне пристапни цени, па затоа не пропуштајте ја можноста за симболична сума да ги го разубавите домот со некоја од нивните промотивни понуди! Проследете го бугарскиот вебсајт на Ikea, каде ќе најдете буквално сé за вашиот дом, од игла до локомотива.

 

Воедно, ви предлагаме да ги искористите неодоливите промо понуди на Ikea. Само погледнете го следниов леток, кој важи до 29.10.2017. Со овие лампи и светилки ќе внесете светлина и топлина во секое катчe од домот. Во другиот промо леток, кој истекува на 31.10.2017, имате фантастични мали масички, како и библиотека и шкафчиња по промотивни цени. Модерен шведски минимализам кој ќе внесе стил и топлина во сечиј дом – тоа го може само Ikea!

 

 

Велат дека обично најубавото останува за крај, а во овој случај најмногу ќе ги израдуваме сите спортисти и рекреативци, за кои подготвивме шопинг во Decathlon. Овој интернационален спортски бренд започна со својата работа во Франција во 1976 година и се прошири како молња низ целиот свет. Денес има повеќе од 1100 продавници низ целиот свет, а компанијата вработува повеќе од 78 000 вработени.

 

Decathlon има низа свои брендови, од кои секој бренд е поврзан со одредена спортска гранка. Атлетика, тимски спортови, планинарење, пливање, јога, велосипедизам, јавање коњи, голф, трчање, стрелаштво, фитнес, лов и риболов, планинарење, кампување, водени спортови, скијање и зимски спортови – ова се најпознатите спортски гранки, за кои Decathlon може да ве опреми од глава до петици, почнувајќи од облека и обувки па сé до неопходна опрема и спортски ацесоари! Овде можете да видите што сé имаат во нивната разновидна понуда. Исто така, моментално е “на сила” трајно намаление на над 1000 продукти, а дел од таа понуда ве чека на овој линк. Decathlon навистина успева во својата мисија – да го направи спортот и спортската опрема достапни за секој маж, жена и дете.

 

Значи, ако сте страстен љубител на шопингот или спортот, или пак сакате да го разубавите домашниот ентериер со интересно парче скандинавски мебел, оваа сабота нека токму Софија биде вашата патувачка дестинација. Уживајте во шопингувањето и разубавете си го викендот, затоа што ВИЕ тоа го заслужувате! 🙂

Безбедно патување со онлајн “Еуролинк” осигурување

И покрај тоа што ни пристигна есента, времето е навистина како ретко кога досега топло и сончево. Совршено за убаво есенско патување во некој од претстојните викенди, нели? 😉

 

Купи на Попуст се грижи за вас и вашата безбедност од почетокот до крајот на патувањето. Од самите почетоци целта ни е да имате незаборавно и безбедно патување, без оглед на тоа која дестинација од нашите понуди ќе ја одберете. За да сé помине во најдобар ред, веруваме дека е клучна токму нашата стопроцентна посветеност кон вас. А тоа не се гледа само по бројот на продадени купони, туку и по нашата подготвеност секогаш да ви излеземе во пресрет и да ви понудиме максимален квалитет по најниска можна цена.

 

Затоа овојпат решивме да ви презентираме нешто што ќе ви овозможи безбедно и сигурно патување со само неколку клика. Патувајте ослободени од грижи и стресови, каде и да одите!

 

Имено, без разлика која наша патна зделка ќе решите да ја купите, неизбежен дел на секое патување е патничкото осигурување. Истото не е голем финансиски издаток, а ви овозможува да патувате без грижи и секирации дека на пример, некој може да ви го украде багажот, да ви го оштети автомобилот, одеднаш да се разболите, или не дај боже, да ви го украдат пасошот и останатите документи. Овие ситуации не се толку ретки и им се случуваат на голем број патници, па токму во таквите кризни моменти патничкото осигурување буквално злато вреди и може да ве спаси од мачни процедури, компликации, а за дополнителните финансиски трошоци и да не зборуваме.

 

Патничкото осигурување како концепт не е ништо ново кај нас, но Купи на Попуст заедно со “Еуролинк” решија да ви го направат патничкото осигурување уште подостапно, со само неколку клика!

 

 

 

Дали знаете дека “Еуролинк” ви нуди можност на нивниот сајт самите да си пресметате какво патничко осигурување би било најповолно за вас? Можете да одберете соодветен пакет според вашите релевантни критериуми, а на нивниот калкулатор ќе биде пресметано колку треба да платите. Со само неколку клика вашата трансакција ќе биде процесирана онлајн, а вие брзо, лесно и многу едноставно ќе си добиете “Еуролинк” патничко осигурување, персонализиран осигурителен пакет само за вас, со 10% попуст! Најубавото е што повеќе нема губење време по шалтери или чекање редови, сето ова можете да го завршите од удобноста на вашиот дом или канцеларија.  🙂

 

Но, најпрвин да видиме кој осигурителен пакет би бил најдобар за вас?

 

“Еуролинк” ви нуди 4 патни полиси: 

 

  1. Оптимум полисата ги опфаќа следните ризици:
  • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина
  • Враќање посмртни останки во земјата
  • Враќање малолетни деца во Република Македонија
  • Надомест на телефонски трошоци
  • Посета на пациент кој е хоспитализиран во странство – превоз и сместување во хотел
  • Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина

 

  1. Премиум полисата ги опфаќа сите ризици од Оптимум полисата, но е проширена и со следниве дополнителни ризици:
  • Багаж – кражба, оштетување и уништување
  • Багаж – кражба во моторно возило
  • Багаж – задоцнето пристигнување во странство
  • Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертификат

 

 

  1. Следи ВИП Полисата, наменета за сопственици на бизниси, членовите на органи на управување во компании како за вработените во истите.

Таа ги опфаќа сите елементи од Оптимум и Премиум полисите, плус овие дополнителни ризици:

  • Трансфер на деловни колеги
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во делловни простории, фабрика
  • Надомест на трошоци заради доцнење или откажување на лет
  • Враќање моторно возило

Како што можете да видите, Оптимум полисата е наједноставна, а потоа се надградува со дополнителни ризици во Премиум, односно ВИП полисата.

 

  1. Но, тоа не е сé! Имено, “Еуролинк” мисли и на љубителите на ски спортовите. Па така, имаат и специјален Ски Пакет, со кој е опфатено следново:
  • Доцнење, губење или кражба на ски опрема (скии, чевли, штеки, ски борд) при транспорт
  • Болест или повреда при зимување
  • Затворање терени
  • Лавина или слегнување на земјиште

Овој пакет е идеален за вас доколку се бавите аматерски со скијање и сноуборд.

 

Сега сé што треба да направите е да  ја изберете вашата посакувана дестинација тука.

 

Потоа појдете на следниов линк, каде со само неколку брзи клика можете да ја изберете вашата персонализирана патна полиса. Плаќањето и купувањето на полисата се целосно безбедни и целата процедура ќе ја завршите за миг.

 

Нека патувањата ви бидат незаборавна и безгрижна авантура со Купи на Попуст и “Еуролинк!” Среќен пат! 🙂