Таг : патувања

Kupinapopust Ве наградува во текот на целата 2018 година!

Драги корисници!
Како поинаку би можеле да вe усреќиме во текот на целата 2018, освен со подароци реализирани преку бесплатни ваучери од нашите партнери – трговци!

Во денови кога сите нешто подарувате, добивате или купувате за Вашите сакани, решивме и ние да подариме нешто за нашите сакани. Се разбира, за кого, ако не за Вас.


Кupinapopust континуирано ќе подарува најразлични видови на ваучери од сите наши партнери од најразлични  категории! Подгответе се за денови на ХРАНА, УБАВИНА, ЗДРАВЈЕ, ПРОИЗВОДИ за Вас и Вашиот дом, МАСАЖИ, ПАТУВАЊА  итн…
Да ја одбележиме оваа година како година на љубов и подароци!

После успешната наградна игра „Денови на убавина“ продолжуваме со следната наградна игра Производ за Вас или Вашиот дом“! Може да добиете супер практични гаџети и додатоци за мобилни телефони, парфеми, јорганчиња за деца, блендер NUTRI MIX или прекрасна столна лампа од IKEA!
Се што треба да направите е да ја споделите објавата од нашата fan страна!  Многу едноставно, нели!:)

По завршувањето на наградната игра, поточно на 28.03.2018 година, ден среда, сите добитници ќе бидат објавени на нашата fаn страна!
Па, ние сме подготвени, а ВИЕ?

Септемвриско уживање во Банско!

Оваа година имавме лето со многу високи температури и сите сакаме да избегаме барем на неколку денови и да ја почувствуваме планинската убавина и да уживаме во пријатните температури на сонце и планински чист воздух. Заради тоа ви подготвивме голем број на понуди за септемвриски одмор во Банско кои што може да ги погледнете на следниов линк: Септемвриски одмор во Банско 
 
Живописниот планински град Банско се наоѓа на едно од најубавите места во Бугарија во подножјето на планината Пирин и претставува еден од најубавите планински рекреативни центри на Балканот. Во изминатите години градот прерасна во најмодерна туристичка атракција, совршена зимска, но и летна дестинација.

Банско е помеѓу најбараните дестинации која изобилува со многу хотели, преубави ресторанчиња и голем број на туристи од целиот свет. Ако сакате да избегате од гужвата и стресниот, динамичен живот за вистински да се одморите и да имате луксузен допир на убавините кои ги нуди природата, одморот на планина со чист воздух и преубави глетки кон планината е вистинскиот избор кој ви е потребен.
 
Банско е прекрасно место за забавен викенд со пријателите, одмор со вашето семејство, место каде што може да спортувате или да се релаксирате со СПА центри. Идеално место да се опуштите во бескрајниот видик на зеленило со сместување на комплетно опремени соби и средено опкружување. Прошетката низ шармантните улички, поволните шопинг продавници, кафенце во убавите кафулиња или ручекот во некој ресторан ќе ви ги наполни батериите до следната прилика за одмор.
 
Заради тоа одлучивме да ве однесеме на опуштено патување по најповолни услови за периодот што следи: Хотел St. George ski & spa luxury resort – Банско, 18 евра по лице за појадок и вечера во двокреветна соба + бесплатно користење на СПА центарот. Погледнете ја понудата како и повеќе фотографии на следниов линк: Хотел St.Georgi ski & spa luxury resort
 
Свети Георги Ски и Спа е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа на тивко и мирно место во кварталот Глазне и има само неколку минути пешачење од почетната станица на Гондолата. Хотелот работи преку целата година. Ова е удобен хотел со беспрекорна квалитетна услуга која ги задоволува барањата на најпрефинетиот вкус со луксузни двокреветни соби, студија и апартмани, комбинирајќи во својот стил античка историја и современиот луксуз. Спа центарот на Хотел Свети Георги импресионира со својата хармонична атмосфера, просторност и беспрекорен дизајн. На располагање се арома сауна, класична парна бања, турска парна бања, загреан затворен базен со дел за деца чиј стаклен покрив се отвора во текот на летото, фитнес сала, салон за аеробик и јога, салони за масажа, џакузи, када на Клеопатра, арома терапии, терапии со лековита кал, салон за убавина.
 
Сите 69 спа третмани и процедури во центарот се изведуваат од страна на искусни професионалци во соодветната област. Бегство за момент во место каде што времето се движи полека, каде што природата се осеќа при секој чекор и каде се нудат вистински спа услуги со користење на најдобрите природни и state-of-the-art технологии.
 
Пишете ни на komercija@kupinapopust.mk, јавете се на 071 315 460, 075 370 399 за сите дополнителни информации околу самите понуди или посетете ја нашата веб страна Kupinapopust.mk за да ги погледнете сите Патувања.
 
Ви посакуваме пријатен и незаборавен одмор! 🙂

post image

Грција, Бугарско Приморје или Банско!

“ Патувањата се храна за душата ”

Верувам дека секој од нас сака да патува и го практикувал истото повеќе пати во животот. Секој од нас има омилени места кои сака да ги посетува, и често се навраќа на истите. Патуваме првично за да се изгубиме во убавините кои не опкружуваат, да запознаеме различни култури, со тоа ги отвараме нашите срца и очи. Патуваме во делови од светот во кои богатствата и луѓето се различни од нашето општество. Убавината на целиот овој процес е што не треба многу за да се одлучиме на ваков потег. Луксузот кој го нуди овој вид на уживање е незаменлив, со овој чекор ние на некој начин ги оставаме позади нас сите проблеми и грижи, возбудени сме и ги гледаме работите со поинаква светлина и од поинаков агол.  Доволни се неколку часа и да стигнеме до прекрасни места кои ги има во изобилство, но и во нашата земја. Треба да ги посетиме и да бидеме свесни за околината во која живееме.

Не е потребно многу да се зборува за желбата за патување, но од друга страна буџетот кој го имаме не секогаш е доволен за да си го пружиме посакуваното патување и да уживаме на посакуваното ниво. Еден од начините да заштедиме или да побараме сместување според нашиот буџет е да се јавиме на 071 315 460, 075 370 399 или да пишеме на komercija@kupinapopust.mk и тимот на kupinapopust.mk ќе направи се што е во нивна сила за да ви ја испрати најдобрата понуда.
За ова лето ги препорачуваме нашите понуда за Грција, Бугарското приморје (Златни песоци, Сончев брег, Несебар) и Банско. Сите наши понуди може да ги погледнете на следниов линк: Патувања

 

Банско

За вистински одмор на планина. Кислород и минерална вода почнувајќи од 15,5 евра по лице за ноќевање на база All inclusive!

  

Бугарија

Златни песоци, Сончев брег, Несебар – 18 евра по лице за All inclusive во хотел Dana Park. Понуда која не се пропушта!

  

Грција

Широк избор на хотели по супер промотивни цени! Пишете ни на komercija@kupinapopust.mk или јавете се на 071 315 460, 075 370 399 и ќе Ви одговориме со примамлива понуда!