Таг : море

Незаборавен детски роденден во “Морски Свет”

Драги родители, за неколку дена се наближува најважниот датум во вашиот живот – роденденот на вашето детенце, а вие сте до гуша заглавени со работни обврски? Воопшто не грижете се повеќе, затоа што тимот на Купи на Попуст мисли на вас и вашите најмали и најсакани славеници! ❤️

 

Посакувате ли да му овозможите на вашето дете роденденска забава од соништата? Доколку вашето малечко е вљубено во водата и морските длабочини, а вие имате желба да направите тематска роденденска забава која ќе биде во пријатен и простран амбиент со квалитетна услуга и беспрекорна организација, не барајте повеќе – ја пронајдовме совршената зделка за вас!

 

Овој пат ви нудиме фантастична зделка со која ќе бидете ослободени од сите обврски и грижи околу планирањето на роденденската забава на вашето дете. Најголемата отворена игротека од 500м2, игротеката “Морски Свет”, во срцето на Скопје, во населба Мичурин (ул.Фрањо Клуж, зад ОУ Блаже Конески) ви нуди можност на вашето детенце да му подарите незаборавна роденденска забава која со години ќе се памети и прераскажува.

 

 

Професионалниот тим на игротеката ќе се погрижи за севкупната организација на роденденот и сé да помине во најдобар ред. Тимот на “Морски Свет” ќе ги направи роденденските покани за другарчињата на славеникот. Двочасовната забава вклучува грицки за сите деца, заедно со комплет прибор и услуга за сервирање. Исто така, доколку сакате нешто посебно во однос на храната, добивате 10% попуст на сите видови пијалоци и кетеринг услуги од ресторанот „Деи Фратели“ (во чиј склоп е игротеката). Доколку сакате, можете да си донесете и ваше јадење, но не е дозволен внес на пијалоци.

 

Малиот славеник или славеничка заедно со своето друштво ќе има можност да се забавува во низа натпреварувачки игри и аниматорски игри со аниматори, а нема да изостане ни супер диско забава со најразновидни хитови.

 

Доколку сакате да ја “зачините” целата прослава со нешто уште поинтересно, “Морски Свет” ви овозможува за дополнителна доплата од 800 до 1000 денари на лице место да нарачате и пињата за вашето дете и неговите другарчиња. Ќе имате незаборавна можност да присуствувате на кршење на пињатата и да ја видите безграничната радост на детските лица кога од неа испаѓаат разновидни вкусни бонбони.

 

Но, специјален бесплатен бонус кој единствено ви го нуди “Морски Свет” е тоа што во цената е вклучено и користење на педалинки на вода! Да, добро прочитавте, вашето дете и неговите гости ќе имаат можност за фантастична забава со возење педалинки во базенот на игротеката. И сето тоа е вклучено во цената на попуст.

Самата игротека може да прими седумдесет возрасни и неограничен број дечиња.

 

 

Искористете  ја оваа шанса на вашето малечко да му приредите морска роденденска забава од соништата која ќе ја памети целиот живот. Убавите и среќни спомени никогаш не бледнеат!

 

Сé што треба да сторите е да се јавите во “Морски Свет” и направете резервација за посакуваниот термин на: 075 44 20 44. Потоа превземете го нашиот бесплатен купон тука, со кој што ќе добиете 25% попуст на полната цена на забавата (од 4000 денари за само 2990 денари).

Доплатата од 2990 денари за забавата ја вршите на лице место, во Морски Свет. Работното време на игротеката е од понеделник до недела од 09:00 до 22:00 часот.

 

Дозволете да ви шепнеме уште една мала тајна: Ако по вашиот роденден нема никој друг закажано термин за славење, дозволено е роденденот да трае уште еден час. 😉

 

Драги наши родители и мали славеници, не пропуштајте ги неверојатните попусти за роденденски прослави кои ви ги нудиме во септември и октомври и во игротеката “Тиквичка”, во населба Карпош, како и “Во Светот на Децата”, на следниов линк.  

Без оглед на тоа која зделка ќе ја изберете, сигурни сме дека и вие и вашето дете ќе уживате во фантастични славенички мигови. Среќен роденден!  ? ? ?

 

post image

Грција, Бугарско Приморје или Банско!

“ Патувањата се храна за душата ”

Верувам дека секој од нас сака да патува и го практикувал истото повеќе пати во животот. Секој од нас има омилени места кои сака да ги посетува, и често се навраќа на истите. Патуваме првично за да се изгубиме во убавините кои не опкружуваат, да запознаеме различни култури, со тоа ги отвараме нашите срца и очи. Патуваме во делови од светот во кои богатствата и луѓето се различни од нашето општество. Убавината на целиот овој процес е што не треба многу за да се одлучиме на ваков потег. Луксузот кој го нуди овој вид на уживање е незаменлив, со овој чекор ние на некој начин ги оставаме позади нас сите проблеми и грижи, возбудени сме и ги гледаме работите со поинаква светлина и од поинаков агол.  Доволни се неколку часа и да стигнеме до прекрасни места кои ги има во изобилство, но и во нашата земја. Треба да ги посетиме и да бидеме свесни за околината во која живееме.

Не е потребно многу да се зборува за желбата за патување, но од друга страна буџетот кој го имаме не секогаш е доволен за да си го пружиме посакуваното патување и да уживаме на посакуваното ниво. Еден од начините да заштедиме или да побараме сместување според нашиот буџет е да се јавиме на 071 315 460, 075 370 399 или да пишеме на komercija@kupinapopust.mk и тимот на kupinapopust.mk ќе направи се што е во нивна сила за да ви ја испрати најдобрата понуда.
За ова лето ги препорачуваме нашите понуда за Грција, Бугарското приморје (Златни песоци, Сончев брег, Несебар) и Банско. Сите наши понуди може да ги погледнете на следниов линк: Патувања

 

Банско

За вистински одмор на планина. Кислород и минерална вода почнувајќи од 15,5 евра по лице за ноќевање на база All inclusive!

  

Бугарија

Златни песоци, Сончев брег, Несебар – 18 евра по лице за All inclusive во хотел Dana Park. Понуда која не се пропушта!

  

Грција

Широк избор на хотели по супер промотивни цени! Пишете ни на komercija@kupinapopust.mk или јавете се на 071 315 460, 075 370 399 и ќе Ви одговориме со примамлива понуда!