Таг : лесно

Kupinapopust кошничка

Дали се сеќавате дека минатата недела ви ветивме едно изненадување, со што значително ќе ви се олесни купувањето на нашите понуди? Сега конечно можеме и да ви го претставиме она на што вредно и посветено работевме изминатиов период – Купи на Попуст кошничката! 🙂

 

Нашите среќни и задоволни корисници ни се секогаш на прво место, па затоа решивме да направиме нешто со што ќе ви овозможиме уште побрзо и полесно купување, со само еден клик.

 

Отсега нема повеќе конфузно пребарување од типот: “Чекај, мислам дека видов супер понуда прееска, каде ли ја изгубив…”. Ниту пак мора да помните или отворате неколку омилени зделки во разни прозорчиња, па да ги купувате една по една. Од денес па натаму секоја посакувана зделка можете да си ја ставите во кошничката, а штом истата ќе ја наполните, со само еден клик ќе ги добиете сите посакувани производи и услуги!

 

Еве како да купувате со нашата кошничка во 4 едноставни чекори:

 

  • Најпрвин логирајте се или регистрирајте се како нов корисник на следниот линк. Регистрацијата и/или логирањето се клучни за да можете да добиете kupinapopust поени и за да ги искористите истите за добивање на попусти или гратис производи и услуги. За тоа зборувавме во претходниот пост. 

 

 

  • По логирањето, ја бирате зделката која сакате да ја купите. Лево, веднаш под зеленото копче за купување, имате три помали копчиња.

 

Портокаловото копче служи да ја купите зделката како подарок.

 

Второто копче, веднаш до него (ѕвездичката), служи за да ја сочувате зделката која ви фатила око. Кога ќе ја најдете, само кликнувате на него, со што понудата ја додавате во Омилени, и иконката ѕвездичка во горниот десен агол од сајтот ќе светне. Тоа значи дека сте додале омилена зделка на која можете да ѝ се навратите кога сакате, штом ќе кликнете на иконката ѕвездичка горе десно. Ако сакате да ја отстраните зделката од Омилени, само кликнете на копчето Х, во горниот десен агол на зделката, и таа ќе исчезне.

 

Третото копче е токму кошничката! Ако стиснете на него, зделката автоматски оди во вашата Купи на Попуст кошничка. Сите зделки од вашата кошничка можете да ги видите во горниот десен агол на сајтот. Тоа е иконата со кошничка, веднаш до линкот за нашиот блог.

 

 

  • Потоа можете да продолжите со избор на интересни зделки. Сé што сакате додавате во кошничката со клик на претходноспомнатото копче. Откако го направивте вашиот избор, кликате на иконата за кошничка во горниот десен агол на сајтот и тука можете да ги видите сите зделки кои моментално ги има во неа.

Доколку евентуално сте се премислиле и повеќе не сакате да купите некоја зделка, едноставно кликнувате на копчето Х, во горниот десен агол на зделката, и таа ќе биде отстранета од кошничката.

 

  • Ако сé е во ред, кликнувате на зеленото копче најдолу на кое пишува: “Продолжи кон плаќање”. Од вашата платежна картичка ќе биде наплатена сумата (збирот) од сите зделки кои сте ги избрале. Значи со еден клик плаќате за сите посакувани производи и услуги.

 

 

Не заборавајте дека плаќањето со платежната картичка е најбрзиот и наједноставен начин да го добиете посакуваниот попуст! Вашите податоци се 100% безбедни, затоа што при плаќањето вашата картичка поминува низ сигурносна верификација, а ние во ниеден случај немаме пристап до бројот на картичката или вашите лични податоци.

 

По купувањето, соодветните купони за зделките ги добивате на вашата е-мејл адреса, исто како и досега. Брзо, лесно и едноставно купување на повеќе производи и услуги – со само еден единствен клик.

 

Сега можете да ги проследите сите наши понуди тука и да си ги изберете омилените без грижа дека нешто сте пропуштиле. Купи на Попуст кошничката е тука за да ви го олесни купувањето и да го направи истото супер лесно.

 

Драги наши корисници, ви посакуваме пријатно и безгрижно купување со нашата  кошничка! Купувајте, штедете и уживајте со зделките на Купи на Попуст! 🙂