Таг : купон

Лесно и едноставно маркирање на искористените купони!

Драги kupinapopust партнери,

Контролата врз искористувањето на kupinapopust купоните никогаш не билa полеснa.
Од сега, ќе можете брзо, лесно и едноставно да ги маркирате купоните како искористени користејќи едноставна апликација која го препознава QR кодот од купонот.
Секој купон прикажан од страна на корисникот има уникатен QR код.
Се што треба да направите е само да го скенирате QR кодот со Вашиот смартфон и тој автоматски ќе се означи како искористен.
Маркираниот купон се прикажува како искористен кај корисникот, кај фирмата која ја дава услугата, како и во нашиот централен систем за контрола на купоните. Со тоа имаме целосна и јасна прегледност на статусот на купоните.

На овој начин јасно се одвоени купоните кои не се искористени, купоните кои се искористени и купоните чиј рок на искористување веќе изминал.
Скенирањето на купоните може да се направи без разлика на кој начин корисникот го прикажува својот купон, дали од телефон/таблет или отпечатен на хартија.
Се што треба да направите е да ја симнете QR Code Free Scan апликација од Play Store или преку Viber да го пронајдете QR читачот.

Потоа само ставете го Вашиот телефон врз QR кодот на купонот. Скенерот ќе Ви исфрли линк кој ве одведе до конкретната понуда за која е купен купонот каде што стои поле „Означи како искористен“.
На тоа поле го означувате купонот како искористен и работата е завршена.

Ова не само што го олеснува маркирањето на купоните, туку ни помага на сите нас да имаме јасен увид во тоа кои корисници ја искористиле услугата или подигнале производ. Контролата е сега многу едноставна, нели!?:)

 

Ви посакуваме што поголем број на купони за маркирање 🙂

Ваш,
kupinapopust.mk 

post image

Nutri Mix блендери по супер промотивни цени!

Nutri mix блендери по супер промотивни цени! – Линк од понудите – Nutri Mix

Сте се запрашале ли како максимално да ги искористите сите хранливи состојки и да подготвите вкусен оброк кој ќе ви даде енергија за претстојниот ден? Nutri Pro Mix блендерот може да ви помогне да се храните здраво и секојпат свежо, така што ќе подготвите низа вкусни десерти, сокови, шејкови, смутиња, но и разни лесни оброци кои ќе направат чуда за вашата вита линија и ќе ви помогнат да имате одличен метаболизам.

Во продолжение ќе проследиме неколку причини зошто овој блендер веднаш треба да стане дел од вашата кујна.

  1. Соковник или блендер

Да, голем дел од нас имаат соковници кои ги користиме за цедење свежи сокови. Секој сопственик на соковник со право ќе запраша: “Што може да ми понуди овој блендер, што мојот соковник го нема?”.

Одговорот е мошне едноставен: Вашиот соковник единствено го цеди само сокот од овошјето или зеленчукот, а притоа ги отфрла влакната од него, како отпадна материја. Ова е голема грешка, затоа што токму во тие влакна се содржат низа хранливи материи и минерали, како калциум и железо. Влакната помагаат за регулирање на дигестивната функција на организмот, го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат ризикот од разни хронични болести.

Наспроти соковникот, блендерот со своето сечило меле сé, па дури и влакната, како и семките од храната, кои се исто така многу здрави и хранливи. Едноставно, за него не постои отпад кој се фрла, затоа што може да испроцесира сé.

Со соковникот добивате половичен, а со блендерот целосен витамински оброк. Што е подобро? Веруваме дека веќе го знаете одговорот.

 

  1. Разновидни и хранливи оброци

Nutri Pro Mix блендерот може да ви помогне да направите низа вкусни пијалоци, смутиња, десерти, сладоледи и лесни оброци. Со блендерот нема да имате никаков проблем да ја запазите оптималната дневна количина на потребно овошје и зеленчук, како за повозрасните, така и за најмалите членови на вашето семејство. Имено, забележано е дека блендерот чудесно успева да ги натера дури и децата кои ги мразат овошјето и зеленчукот да ги засакаат неговите феноменални десерти, сосови, супи и сокови.

 

  1. Го подобрува имунитетот

Блендерот е вистински волшебник кога се работи за подобрување на вашиот имунитет. Откако ќе го набавите по навистина поволна цена, сé што ви преостанува е да купите што повеќе овошје и зеленчук и да му се препуштите на блендирањето. За кусо време ќе забележите дека сте во одлична здравствена форма.

 

  1. Економичен и лесен за одржување

Блендерот Nutri Pro Mix е практичен, економичен и сигурен за ракување. Достапен е за само 3990 денари, што е навистина скромна цена за апарат кој секојдневно е посветен на одржување на вашето одлично здравје и беспрекорен имунитет.

Исто така, блендерот мошне лесно се одржува во споредба со соковниците. Имено, го перете само садот/чашката во кој сте блендирале, без непотребни компликации или расклопување на разноразни делови.

 

  1. За вита става

Посакувате ли да можете да јадете колку сакате, без да се здебелите? Не е трик, блендерот може да ви го овозможи тоа!

Кога јадеме цврста храна, на нашиот дигестивем систем му треба повеќе време да ја процесира истата. Неретко маснотиите од храната кои не ни се потребни се претвораат во масни наслаги и така ни се зголемува телесната тежина.

Со помош на блендерот конзумираме потечна храна која организмот веднаш ја конвертира во хранлива вредност. Блендираната храна е ниско калорична и не е мрсна, па затоа можете да ја конзумирате колку сакате, без грижа дека ќе се здебелите. Затоа со полно право велиме дека блендер-диетата е најсовршената можна диета некогаш измислена! 🙂

 

Одличeн имунитет, вита линија, здраво семејство, вкусни и разновидни оброци – за да го добиете сето тоа, само кликнете на следниот линк, каде што ве очекува Nutri Pro Mix блендерот, неизбежен дел од секоја здрава кујна.

Нашата поширока понуда на блендери и разноразни други апарати за домаќинство можете да ја проследите тука. Ве очекува широк асортиман на кујнски и домашни апарати, без кои не може да се замисли ниеден современ дом.

А дотогаш…миксајте, сецкајте, матете и блендирајте со Nutri Pro Mix! Искористете ги максимално сите витамини и хранливи материи од природата и уживајте во вкусните оброци.

5 Причини за незаборавен зимски одмор во Банско!

ТОП 5 причини зошто да престојувате во Банско и оваа сезона
Ова се хотелите кои ги препорачуваме! 

 

Една стара поговорка вели дека среќата не може да се купи со пари. Меѓутоа, научниците докажаа дека тоа и не е баш така. Имено, парите навистина можат да ве усреќат ако ги трошите на драгоцени искуства, а не на материјални нешта. Притоа, едно од најскапоцените искуства кои човек може да ги доживее е да патува. Да, патувањата се навистина храна за душата!

 

И додека сите ние сакаме да патуваме, на многумина од нас ни е познато колку може да биде стресна ситуацијата кога чекаме некоја добра “last minute” зделка од туристичките агенции, надевајќи се дека ќе грабнеме најповолна понуда. Желбата не секојпат ни се остварува бидејќи за истите постои голема навалица и понудите се распродаваат веднаш штом ќе бидат објавени. Истото важи и за хотелските аранжмани. Колкупати за влакно сте ја изгубиле посакуваната соба, само затоа што некој друг уплатил пред вас? Третата, најризична опција, ја практикуваат најлудите и најхрабрите туристи кои патуваат во сопствена режија и самите си бараат смесување на лице место. Во таа алтернатива немате друг избор освен да се задоволите со првата слободна соба, затоа што сé брзо се пополнува, особено во сезона.

 

Како да се избегнат сите овие недоумици и стресови при патувањето? Како да резервирате одличен хотел по најповолни цени и да се одморите сосема мирно и спокојно, избегнувајќи ја трката по најповолен аранжман? Не грижете се повеќе, Купи на Попуст го има совршеното решение за вашиот зимски одмор! 😉

 

 

Овојпат ви го нудиме планинскиот бисер на Бугарија – Банско. Во продолжение ќе ви наведеме повеќе причини зошто ова планинско место би требало да биде вашата совршена дестинација за одмор во есенските и зимските месеци кои ни претстојат.

 

1. Иако Бугарија долго време беше позната по своето приморје и црноморските плажи по багателни цени, последниве години планинските центри како Банско, Боровец или Пампорово стануваат ултра популарни меѓу сите оние кои сакаат да скијаат или едноставно да се одморат на планина. Сезоната за зимски одмор започнува на средината на декември и трае сé до средината на април. Чистиот снег, одичните скијачки патеки, долги седумдестина километри и благопријатната клима придонесуваат за фантастичен одмор.

 

2. Широк дијапазон на фантастични хотели. Да, Банско располага со хотелско сместување за сечиј џеб, почнувајќи од хотелите со 2 ѕвездички, па сé до оние супер луксузни со 5 ѕвезди. Неретко сите овие хотели нудат разни бесплатни услуги, кои на друго место сигурно би ви ги наплатиле. Совршен пример за тоа се спа центрите, кои ги има во речиси секој хотел. Можете сосема бесплатно да се релаксирате во базен, сауна или да добиете масажа. И сето тоа е гратис!

3. Банско ви нуди врвна храна и забава по мошне пристапни цени. Чисто за пример, ако сакате да скијате на француските Алпи, таму за едно пиво морате да издвоите 6 евра. Во Банско го добивате истото за цена од 1,5 – 2 евра максимум. Истото важи и за храната. Сите гурмани можат да се почестат во некоја од многубројните таверни или ресторани, каде што можете да пробате и традиционални јадења. Порциите им се обилни, како и кај нас. Сепак, имајте на ум дека храната е дупло поскапа на падините и скијалиштата, отколку во градот. Па така на пример, ако еден богат ручек во градот е 10 евра, на скијалиштата истиот ќе ве чини 20-тина евра. Сепак, вреди да бидете гостин во некоја од традиционалните таверни и да пробате од нивните деликатеси. 🙂

 

 

4. Банско не би било тоа што е, кога не би ги имало снегот и величествените скијачки падини и патеки. Со 75 километри совршено одржани скијачки патеки, модерни ски лифтови и планински врв од 2600 метри, Банско е апсолутен фаворит за секој кој сака да помине незаборавни скијачки мигови. Исто така, вреди да се знае дека постојат и скијачки школи за почетници по симболични цени, па дури и ски патеки со различна тежина (од почетници до експертско ниво). Но она што е најфасцинантно е дека Банско има дури 161 машина за вештачки снег, со што сте осигурани дека во секое време ќе имате снежна прекривка за скијање!

5. Овој планински туристички центар е незаборавен спој на традиционалното и модерното време. За разлика од алпските скијалишта, Банско има традиција која се протега стотици години наназад. Камените цркви изградени во турско време носат посебен историски шмек и прават контраст со денешната модерна култура. Дрвените куќички и бараки имаат свој посебен шарм по кој се издвојуваат од ултралуксузните хотели, а сепак сите заедно создаваат една уникатна и фасцинантна зимска панорама. Доколку сакате да посетите совршен спој од рустикалното и модерното, Банско е токму за вас!

 

Драги наши, сé што треба да сторите е да ја купите омилената зделка од нашите понуди во Банско на овој ЛИНК и потоа безгрижно да се спакувате. Патувајте и уживајте во снежното Банско со Купи на Попуст! ❄️ ⛷️ ❄️

Black Friday со kupinapopust.mk

Драги наши, дали сте подготвени за најголемата шопинг манија во годината, наречена Black Friday? Овој петок (24.11.2017), бидете со нас, затоа што ви подготвуваме вистинско шопинг лудило – непобедливи понуди по најниски можни цени!

 

 

За само неколку дена ќе започне настанот кој е вистинска увертира за новогодишните празници. Имено, Black Friday е совршена можност да се почестите со некој убав производ кој одамна го посакувате или да купите одлични подароци за најсаканите, по најниски можни цени. Затоа овој ден секоја година станува сé попопуларен ширум светот. И ние полека, но сигурно се приклучуваме на светските трендови и токму затоа Купи на Попуст оваа година организира фантастичен Black Friday онлајн шопинг, само за вас!

Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува името Black Friday (Црн Петок)?

 

Уште од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, американските стоковни куќи имаа за цел да привлечат што повеќе купувачи во петок, последната недела во ноември – еден ден после празникот Ден на Благодарноста. За таа цел стоковните куќи како Macy’s и  Eaton’s спонзорираа одржување на дедомразовски паради  пред своите продавници, и како резулат на тоа голем број купувачи по парадата пазареа кај нив. Тоа е зачеток на т.н. божиќна и новогодишна шопинг треска.

 

Според првата теорија, во тоа време сметководителите профитот го бележеле со црна боја, а загубата со црвена. За време на Black Friday салдото на трговците преминувало од минус во профит, односно од црвена во црна боја, па се верува дека токму поради профитабилното црно сметководствено салдо овој ден го добил и името.

 

Според едно друго гледиште, “кумови” на Black Friday се полицајците и таксистите од Филаделфија, кои едноставно биле исфрустрирани поради преголемата сообраќајна гужва, смог и хаос кој го правеле купувачите, обидувајќи се да се пробијат низ закрчениот сообраќај за да купуваат.

 

 

Интересно е да се знае дека постоеле обиди да се смени името во Big Friday, но тоа не вродило со плод. Иако терминот за првпат почна да се користи од 60-тите, Black Friday дури од 80-тите години на минатиот век се одомаќини и стана дел од божиќното расположение на секое современо американско семејство.

 

Но, Black Friday не се ограничи само на САД. Манијата започна да се шири и во други земји, меѓу кои Велика Британија, Канада, Мексико, Бразил, Индија, Франција, Унгарија,  Романија, Шведска, Данска, Норвешка… Денес Black Friday зема замав низ речиси целиот свет, привлекува 135 милиони купувачи и е ден во кој трговците бележат најголем профит од целата година.

 

Карактеристично е тоа што купувачите со денови се подготвуваат за најголемиот шопинг ден во годината, а голем дел од нив кројат детални планови и стратегии како да купат што повеќе производи и подароци. Па така, некои дури и преспиваат цела вечер пред омилената продавница, за да можат да го фатат посакуваниот попуст веднаш наутро, штом ќе бидат отворени вратите на продавницата. Штом тоа се случи, неретко настануваат вистински стампеда од купувачи, од кои секој се бори да дојде до својот производ.

 

Сепак, од 2015 година е забележан еден нов тренд: огромен број на Black Friday купувачи преку интернет. Во 2015 дури е забележано дека имало поголем број онлајн Black Friday купувачи, отколку оние кои се туркаат по продавниците. Тоа и не е изненадувачки, затоа што е многу полесно и попрактично да купувате од топлината на вашиот дом, без гужви и стресови.

 

 

Сега доаѓаме до причините зошто и вие, драги наши, треба да го следите овој линк, кој одбројува до почетокот на најголемата онлајн Black Friday шопинг треска. Еве зошто никако не смеете да ја пропуштите оваа фантастична можност која ви ја нуди Купи на Попуст:

 

  • Разновидни производи и услуги по врвен квалитет и непобедливо ниски цени со ограничено времетраење (зделките се продаваат по принципот “прв дојден, прв услужен”)
  • Купувате од топлината на вашиот дом, без сообраќаен метеж, гужви и турканици
  • Купувањето е брзо,сигурно, лесно и едноставно, со само неколку клика
  • Штедите скапоцено време и многу, многу пари
  • Одлична можност да купите новогодишни подароци за саканите и семејството

 

Бидете паметни и мудри купувачи, подгответе ја вашата платежна картичка, увежбајте ги прстите за брзо кликнување (затоа што зделките навистина многу брзо знаат да се потрошат) и следете го горниот линк, каде што ве очекуваат врвни Black Friday зделки. Не пропуштајте ја единствената можност во годината да ги добиете омилените производи и услуги по најниски можни цени! Ве сака Купи на Попуст!  ❤️

 

Шопинг во “One Salonica Outlet Mall”

Дали сакате да патувате? А да одите на шопинг? Доколку одговоривте потврдно на двете прашања, имаме супер понуда за вас! Имено, се решивме да ве израдуваме со одлична промотивна акција – еднодневен шопинг и прошетка во Солун за две лица. И сето тоа по неодолива промотивна цена за само 800 денари за двајца, односно 400 денари по човек!

 

Доколку сакате да се подновите со ново парче есенска или зимска гардероба по мошне пристапни цени, и тоа од брендови кои ги нема кај нас, Солун е вашиот вистински избор. Освен тоа што е еден од најубавите градови во Грција, Солун секојпат ги освојува туристите со својата Бела Кула, плоштадот Аристотелис, превкусното гиро и колачи од слаткарниците, како и фантастичната морска панорама. Да, не постои уживање кое може да се мери со испивањето на вкусно кафе покрај море, а Солун ви го овозможува токму тоа!

 

Затоа не е изненадувачки што Солун е една од омилените дестинации за нашите граѓани, кои добиваат можност за прошетка низ еден од најубавите градови на Балканот, како и прилика да ја освежат својата гардероба низ многубројните бутици и шопинг центри. Овојпат туристичката агенција “Савана” и Купи на Попуст ве вoдат во еден од најубавите шопинг молови во Солун, “One Salonica Outlet Mall”!

 

Сместен во срцето на градот, на само 10 минути до центарот и Аристотелис плоштадот, “One Salonica Outlet Mall” е вистински избор за сите оние кои посакуваат широк избор на брендови и разни продавници, по мошне пристапни цени. Истиот се простира на 13 300 квадратни метри. Поседува повеќе од 100 продавници, комбинирајќи ги на уникатен начин светските и домашните грчки брендови.

 

 

Тука можете да ги најдете outlet продавниците на Polo Ralph Lauren, Hugo Boss, Nike, Diesel, Tommy Hilfiger, Pinko, Juicy Couture, Pinko, Ugg, Converse, Folli Follie, Guess, Franklin Marshall, Calvin Klein Jeans, Ted Baker, Samsonite, Gant, Lacoste, Adidas, Puma, Benetton, Mango, Nautica, Petit Bateau, BSB, Navy & Green – и многу, многу други, неретко со роба по фабрички цени.

 

А кога ќе посакате да здивнете од купувањето и да каснете нешто за да се освежите, на располагање ви стојат многубројните интернационални ресторани и кафетерии во молот, како “Bufala Gelato” (сладоледи), “Cinnabon” (највкусните ролнички со цимет и одлично кафе), потоа “Grn” (незаборавни гиро сендвичи), “Hot Pot” врвни италијански тестенини, салати, брускети), “McDonalds” (веруваме дека за него не е потребно објаснување), “Savvikos” (највкусно суфлаки во градот, со традиција од 1947 година) и многу други.

 

Уште една причина зошто “One Salonica Outlet Mall” е омилена дестинација за голем број семејни туристи e тоа што поседува огромен хипермаркет на 7600 метри квадратни – “Sklavenitis”. Тука можете да најдете превкусна пекара, готови јадења, свежо месо и риба, но и голем број работи за домаќинството, како на пример играчки или мал мебел. Оние кои сакаат квалитетна облека по попристапни цени од горенаведените брендирани бутици, тука можат да најдат квалитетна облека и чевли за мажи, жени и деца.

 

“One Salonica Outlet Mall” нуди многубројни акции, попусти и промоции на попуст во текот на целата година, па кога и да појдете, гарантирано ќе пронајдете некоја распродажба во голем дел од продавниците. Попустите знаат да достигнат и до фантастични 70%!

 

 

Ако правилно се распоредите и го испланирате времето, можете да го прошетате и центарот на градот и кејот и да направите незаборавни фотографии од убавиот Солун.

 

Тука можете да го разгледате подетално “One Salonica Outlet Mall” и да си направите список на омилените продавници кои сакате да ги посетите, а овде ве очекува фантастичната понуда на “Савана” за еднодневен шопинг за само 800 денари за две лица!

 

Не пропуштајте ја можноста за симболична сума да го доживеете преубавиот Солун и да се освежите со некој уникатен моден додаток! “One Salonica Outlet Mall” и Солун ве очекуваат. Уживајте во патувањето и шопингот! 🙂

Откријте ги туристичките бисери на Македонија

Убавото време сé уште одлично нé служи, па затоа на прагот на овој викенд сакаме да ве израдуваме со одлични попусти за патувања. Но овојпат не се решивме за некои од странските дестинации, туку за најубавите македонски туристички и излетнички места.

 

Доколку сте посакувале подетално да ги запознаете македонските природни убавини, но и да се разгалите во комфорен и пријатен смештај кој во ништо не заостанува зад светските угостителски критериуми, веруваме дека ќе ви се допаднат попустите кои ви ги нудиме во прилог. Ова е уникатна можност од прва рака да ги искусите македонските природни убавини и најпопуларни туристички дестинации, кои стануваат сé попопуларни и кај странските туристи.

 

Започнуваме со најпознатиот македонски туристички бисер – Охрид! Најстарото езеро во Европа и градот со дури 365 цркви (по една за секој ден во годината) никого не оставаат рамнодушен. Токму затоа во “Балканскиот Ерусалим” секоја година доаѓаат сé повеќе и повеќе странски туристи Дали знаете дека старото име на Охрид е Лихнида, што во превод значи “градот на светлината”? Затоа дозволете му на овој блескав град да ве освои! Денес Охрид ја носи и престижната титула – дел од светското наследство на УНЕСКО. За вашиот престој во оваа најпопуларна македонска дестинација за вас ги издвоивме aпартмани “Охридика“, потоа де лукс апартманите “Јован”, вилата “TOMIĆ“, вилата “Stefano” како и апартманите “Донески”. Оние пак кои преферираат хотелско сместување, можат да се определат за хотелските комплекси “Маива” и “Климетица 2” со 4 ѕвезди, во туристичката населба св. Стефан, во близина на Охрид. Истите се опкружени со борова шума и се на само педесетина метри од езерската шир. Луксузно сместување и прекрасен природен амбиент, има ли нешто поубаво од тоа? Секако дека не!

 

Како Струга нема друга! Родното место на браќата Миладиновци, и домаќин на меѓународно познатите Струшките Вечери на Поезијата,  Струга е град со богато културно и историско минато. Цивилизацијата во Струга потекнува уште од неолитско време, а старото име на градот – Енхалон, верувале или не, означувало “јагула”! Ова шармантно градче го освојува секој посетител, а старите Стружани за тоа знаат да кажат: “Кога ќе пукне туристичката сезона, Струга наеднаш се изменува, небаре низ чаршијата пројурил Св. Ѓорѓија на бел коњ и со копје им ја пуштил застојаната крв, и сè се разживеало!”. Почувствувајте ги и вие струшките убавини во суперлуксузниот хотел “Изгрев” со 5 ѕвездички. Светско, а наше!

 

Најмалиот македонски езерско туристички бисер е Дојран, но имајте на ум дека некогаш токму најубавите нешта доаѓаат во мали пакувања 😉  Само проследете ја нашата понуда за прекрасните апартмани “Bella Villa” во Нов Дојран и ви гарантираме дека отсега натаму ова ќе биде вашата омилена дестинација за одмор и полнење на батериите. Врвно уживање во чист воздух, превкусна риба и суперлуксузен смештај!

 

Македонија не ги привлекува туристите само со своите езерски широчини. Напротив. Имаме итекако со што да се гордееме кога станува збор и за планинските градови и туристички центри, кои се вистински оази на чист воздух и прекрасна, недопрена природа.

 

Револуционерното Крушево со својата надморска височина од 1350 метри се смета за највисоко градче на Балканскиот полуостров. Градот без кој не би ги имале Илинденското востание и Крушевската Република се одликува со исклучителен уникатен шарм и едноставност. Крушевската староградска архитектура, уметноста на Никола Мартиноски и фасцинантните резби и копаничарството се нешто што засекогаш ќе го паметите. Посетете го родниот град на Тоше Проески и откријте ги волшебствата на Крушево! Крушевските домаќини ве очекуваат во апартманите “Бубамара“, апартманите “Никола”, како и вила “Софија”.

 

Уште еден незаборавен планински бисер е Берово, градче со најчист воздух во цела Македонија, па и пошироко. Дом на голем број македонски револуционери, Берово е опкружено со изобилие од букови, борови и дабови шуми. Целата таа убавина се надополнува со прекрасното Беровско Езеро, вистинско место за хармонија и релаксација. Ако го посетите Берово, никако не заборавајте да ги пробате највкусниот беровски компир и сирење, гастрономската гордост на градот! Беровчани срдечно ќе ве пречекаат во апармани “Хестиа”, вила “Клепало” или пак во хотелот “Манастир“.

 

Оние кои сакаат да се одморат во ултралуксузен хотелски комплекс во планина, да уживаат и во шума и во езеро истовремено, ќе бидат одушевени од хотел “Радика”, лоциран во националниот парк Маврово. Хотелот е еден од најлуксузните во Македонија, располага со врвен спа центар и современи, удобни и елегантни соби. Доколку сакате да избегате од градската врева и стрес, ова е вистинското место за вас!

 

 

За оние кои бараат гастрономски етно шмек, ги препорачуваме етно село “Тимчевски“, во село Младо Нагоричане, Кумановско и ресторан вилата “Осоговска Куќа” на Пониква. Кај нив добивате не само врвен смештај, туку и можност да вкусите низа специјалитети на локалната кујна, како на пример зелник под вршник, селско месо, домашен колбас и пинџур, специјалитети на скара, домашно приготвени чорби, риба и низа други оброци во фурна, како во дамнешните времиња.

 

Но, ако помисливте дека сите овие понуди се направени само за Скопјани, се излажавте.  Имено, сите оние кои се од внатрешноста на нашата убава Македонија, а сакаат да го посетат главниот град и да уживаат во него, тоа можат да го сторат така што ќе изберат сместување во апартманите “Ања” или во хостелот “Station Guest House”, во самиот центар на градот. Почувствувајте ја динамиката на македонската метропола и откријте зошто секој одново и одново му се враќа на Скопје! До читање!

Со “kupinapopust” поени до дополнителен попуст или целосно бесплатен ваучер

Драги наши, ни дојде и овој викенд, а ние решивме да ви приредиме едно убаво изненадување. Дали знаете дека колку повеќе купувате од нашите зделки, толку повеќе штедите? Или дека можете да добиете низа услуги и/или производи целосно бесплатно? 🙂

 

Како е тоа можно, се прашувате? Постои ли некоја скриена финта? Останете со нас до крај на текстов и ќе ви ја откриеме тајната како да дојдете до уште поголеми попусти на веќе постоечките понуди, но и како можете да добиете гратис услуги и производи!

 

За да купувате кај нас, најпрвин треба да се логирате или да се регистрирате како нов корисник на следниот линк. 

 

Потоа одите на нашата почетна страница и ја бирате посакуваната зделка. На пример, ја бираме зделкава за Банско. 

 

Ќе забележите дека веднаш над зеленото копче за купување одлево, пишува: “Со купување на овој ваучер добивате 18 “kupinapopust” поени.”   

 

Токму таа реченица е клуч за да добиете уште поголем попуст на постоечките зделки, па дури и некои производи целосно бесплатно!

 

Имено, секој ваш поен се смета како еден денар. Поените се собираат на вашата сметка при секое купување. Кај речиси секоја зделка над зеленото копче за купување пишува колку поени добивате при секое купување.

 

 

Како да дојдете до што поголем број поени, кои потоа можете да ги искористите за некоја омилена зделка? Постојат 3 начини на кои можете да добиете “kupinapopust” поени:

 

1. Со купување на што поголем број зделки. Колку повеќе купувате, толку повеќе штедите и толку повеќе поени добивате!

 

 2. Ако го внесете датумот на вашиот следен роденден во вашиот кориснички профил, ние ќе ви подариме 50 роденденски “kupinapopust” поени на тој ден. Односно, на вашата сметка ќе добиете роденденски бонус од 50 денари кои можете да ги искористите да се почестите. ?

 

3. Одушевени сте од тоа колку добра зделка купивте кај нас? Споделете ја радоста со светот и со тимот на Купи на Попуст! Сликајте се при искористување на понудата и испратете ни ја сликата заедно со напомена за која зделка се работи, на следниов e-mail: contact@kupinapopust.mk. Сликата ќе биде објавена на нашиот ѕид, а вие брзо и лесно ќе добиете 50 “kupinapopust” поени на вашата сметка.

 

Бидејќи сме секојдневно посветени на нашите корисници, на сликите сакаме да ве видиме токму ВАС супер насмеани и задоволни од секоја фантастична зделка! 🙂 Затоа, на пример, слика на која фигурира само производот или зделката која ја нудиме (пр. Превкусна пица или панорамски поглед на Банско), а вас никаде ве нема на неа, нема да биде земена во предвид. Мобилните во раце и стартувајте со сликање и одлични селфија. Поените ве очекуваат!

 

Она што мора да го знаете е дека собраните поени ви важат два месеци од денот кога сте ги освоиле и ако не ги искористите во тој рок, ќе ви пропаднат. Не дозволувајте тоа да ви се случи. Реагирајте навреме! Логирајте се на сајтот и употребете ги за некоја од актуелните понуди. Доколку сте собрале пристојна сума, можете да добиете и целосно гратис производ! 😉

 

 

Исто така, поените “kupinapopust” можете да ги искористите само кога се работи за понуди од 150 денари или повеќе. Ако вредноста на зделката е помала од 150 денари, ќе треба да купите два ваучери.

 

Добиените поени можете да ги користите исклучиво за понудите на “Купи на Попуст” и не може да бидат заменети за пари. Веруваме дека ова нема да ви биде проблем, бидејќи добро знаете дека имаме широк асортиман на зделки, во кои секој може да пронајде нешто адекватно за себеси или најблиските.

 

Разубавете си ги претстојниве денови од викендот со нашите зделки! Собирајте ги вредните “kupinapopust” поени и споделете ја вашата радост со нас преку фантастични слики, а ние наредната недела ќе ве изненадиме со уште една новост, за ваше порелаксирано и безгрижно купување. Stay tuned & enjoy the weekend! Ве сака тимот на Купи на Попуст!  ❤️

Од стари фотографии до уникатни персонализирани производи

Сите ние посакуваме да ги овековечиме најубавите спомени и да ги сочуваме од забот на времето. Токму затоа голем дел од нас поседуваат албуми со најомилените фотографии, на кои често одново и одново им се навраќаме. Оние постарите љубоморно ги чуваат традиционалните албуми, а помладите генерации пак создаваат свои дигитални албуми – вистински одраз на ерата на интернетот.

 

Дали имате некоја омилена слика од детството? Или можеби со саканите членови на семејството или пријателите? Прекрасна фотографија со вашето милениче, децата или со саканата личност? Секако, убаво е кога сите тие слики можете да ги гледате на вашиот компјутер или во традиционалниот вкоричен албум, но овојпат Купи на Попуст ви предлага да им подарите нов живот на вашите незаборавни спомени!

 

Како да го сторите тоа?

Прво, фото студиото “Бимбо” ви нуди можност да ги овековечите сите најдраги моменти, како на пример, вашата роденденска забава, свадба или крштевка на вашето најмило. Сите оние кои се вљубеници во фотографијата и сакаат да ги научат тајните на професионалните фотографи кај нив можат да се запишат и на супер поволен курс по фотографија. 🙂

 

Потоа, со нашите фотографски зделки имате можност вашата фотографија да се зголеми, да се обработи во А3 или А4 формат, да се испечати и да се пластифицира. Да, така  можете да ја врамите омилената слика и да имате вистинско фотографско ремек дело во вашиот дом или канцеларија. Тоа ќе ви го овозможат книжарата “Тоја” во населба Железара и “BEST PLUS” спроти Католичка црква.

 

Ако ви се потребни фотографии во различни димензии, не грижете се, затоа што “Профото Здравко“, фото студиото „ДИЧО“ и студио “Бимбо” се подготвени да ви излезат во пресрет!  Кај нив имате можност да добиете фотографии во различни димензии. На располагање ви се пакети од 3, 5 или 10 фотографии (од најмали до најголеми).

 

 

Oние пак кои носталгично чуваат видео лента од свадбата или некој омилен филм од деството на VHS касета или пак имаат нешто снимено на mini DV, сега имаат можност сето тоа да го префрлат на DVD, по неверојатна цена од само 90 денари од час!

 

Сите овие зделки можете да ги најдете на овој линк. Ваше е само да ја изберете посакуваната зделка и да ја купите! Брзо, лесно и многу едноставно, нели?

 

Но, ако помисливте дека тоа е сé, почекајте малку, има уште! Инспирирани од сите овие фотографски понуди, а и бидејќи во есен стануваме малку носталгични (признаваме), решивме да одиме до крај и да им приредиме максимално задоволство на сите оние кои посакуваат нешто ново, уникатно и персонализирано. 😉

 

Во прашање се фантастични зделки со кои можете да добиете низа персонализирани производи. Да, секоја ваша фотографија, дизајн, текст или апликација може да добие сосема нов живот во вид на персонализирана чаша, кутивчиња за подарок, магнети, маичка или нотес! Не прошуштајте ги сите овие зделки во “Anfil Group”. Исто така, ова ви е незаборавна можност да им подарите на вашите најмили подарок од срце, со што ќе покажете дека вашите најубавите спомени никогаш не бледнеат!

 

 

“BEST PLUS” спроти Католичка црква веќе ги спомнавме, со можноста кај нив да си направите А4 пластифицирана фотографија, која можете да ја урамите или да ви служи како постер. Но, кај нив имате прилика да си направите и персонализирана чаша со дизајн, фотографија или текст по ваш избор. Супер поволна комбо зделка, верувајте!

 

И за крај, тимот на “Лука Графикс” во населба Мичурин може да ви изработи персонализирана сложувалка од вашата омилена фотографија, како и персонализирана чаша или касичка за пари. За сите компјутерџии, тука е персонализиран маус пад, а за спортистите и рекреативците следи персонализиран термос за вода и освежителни пијалоци. Оние пак кои сакаат единствен декор во домот или канцеларијата, можат да се определат за персонализиран фото камен – камен со вашата омилена фотографија на него!

 

Сите овие персонализирани производи желно ве очекуваат на следниот линк. 

 

Затоа, не чекајте повеќе, грабнете ги старите албуми кои лежат скриени во некое ќоше, пронајдете ги вашите најомилени слики и брз клик на линковите со купони! Подарете си себеси или на вашите сакани дел од најубавите заеднички мигови.

 

И запомнете, не секојпат идеалните подароци се оние најскапите. Најубавите подароци се оние подарени од срце! ❤️

Ехо на дојки во ПЗУ “Асклепиос”

Здравјето е најскапоценото нешто што го поседуваме. За жал, многумина од нас го земаме истото здраво за готово и најчесто реагираме предоцна – кога ќе се разболиме. Превентивната грижа и прегледи се особено важни во денешното време во кое се соочуваме со загаден воздух, нездрава храна и вода и многу, многу стрес. Токму затоа канцерогените заболувања земаат сé поголем замав.

 

Притоа, еден од најопасните, најскриените и најчестите тумори е токму канцерот на дојка, и е малигно заболување кое предизвикува најголема стапка на смртност кај жените. Истиот во почетните стадиуми нема никакви симптоми, а најчесто се открива преку рутински преглед – сосема случајно. Затоа се од суштинска важност редовните прегледи (ехо и мамографија) и самопрегледи преку допир, кои секоја жена може да ги направи. Ако се открие тумор во најраниот стадиум, стапката на излекување изнесува 95%.

 

Ракот на дојка за жал не бира години. Пред дваесетина години најмногу заболувале жените над 50 или 60 годишна возраст. Денес има сé поголем број на припаднички на понежниот пол кои заболуваат на 30 или 40 години. Во тие години канцерогените промени се одвиваат особено рапидно и со поголем интензитет отколку кај повозрасните жени, па затоа е од исклучителна важност да се вршат редовни прегледи еднаш годишно.

 

Контролните самопрегледи (допирање на дојката за забележување на јазолчиња, испакнатини или други површински промени) може сама да ги врши секоја девојка над 20-тата година. Ехо прегледот е препорачлив за секоја жена над 30 години, а комбиниран преглед со ехо и мамографија се врши кај сите пациентки постари од 40 години.

 

 

Како да се подготвите за ехо прегледот на градите и што треба да знаете за него?

 

Прво, не ви е потребна никаква посебна подготовка. Самиот ехо преглед е безболен и безопасен, затоа што нема штетни рендгенски зрачења. Доктор специјалист го прави прегледот со ехо сонда, а истата работи со ултразвучни бранови. Прегледот се врши така што се соблекувате до половина, докторот го мачка местото за преглед со гел и со сондата поминува преку него.

 

Со ехото (ултразвук) се анализираат кожата, масното ткиво, поткожните делови на дојките, млечните жлезди, евентуални јазолчиња или цисти во градите. Доколку бидат воочени сомнителни промени, се зема примерок со цитолошко пунктирање  и материјалот се праќа на цитолошка анализа. Исто така, со прегледот се проверуваат и лимфните јазли под пазувите.

 

Значи, со помош на ехо прегледот можат да се воочат следниве промени:

  • Цисти во градите се балончиња кои во повеќето случаи се исполнети со бистра течност. Големината им варира од неколку милиметри до неколку сантиметри, а се јавуваат како последица на хормонски промени. Можат да исчезнат како што и настанале, спонтано. Ако не ги снема, се вадат безболно со помош на игла.

 

  • Фиброаденоми се бенигни тумори. Какартеристични се за помладите жени. Најчесто имаат дијаметар од 1,5 сантиметри и за нив не е потребна никаква хируршка интервенција , туку само редовно следење.

 

  • Третите и најфатални се малигните тумори. Токму тие се одговорни за канцерот на дојка и огромната смртност помеѓу женската популација. Во повеќето случаеви се откриваат преку ехо, но некои умеат да бидат и скриени, па така, ако се јави и најмал сомнеж за постоење на малиген тумор, мора веднаш да се направи и мамографија.

 

Драги дами, тимот на Купи на Попуст е неуморно посветен на вашето здравје. Ние сакаме да бидете во секое време здрави, мирни, безгрижни и спокојни. Токму затоа овојпат ви нудиме ехо преглед на дојки заедно со скрининг на лимфни јазли во ПЗУ “Асклепиос”, за само 500 денари!

 

Во цената е вклучен ЕХО преглед на дојка, скрининг на реионални лимфни јазли и извештај и дијагноза. Прегледите ги извршува Д-р Лидија Ристовска – специјалист по интерна медицина и субспецијализант по кардиологија.

 

 

Не пропуштајте ја оваа можност да се прегледате по симболична цена ПЗУ “Асклепиос”. Купонот ве очекува тука. Имајте на ум дека токму ехото на дојка е преглед кој на голем број жени им го има спасено животот. Не дозволувајте си да бидете дел од црната статистика. Бидете претпазливи, внимателни и грижете се превентивно за вашето здравје и физичка благосостојба!

 

Доколку пак сакате да проследите некоја друга зделка поврзана со вашето здравје, повелете на следниот линк, каде ве очекуваат стоматолошки прегледи, алерго прегледи, крвна слика, кардиолошки преглед, ехо на абдомен, ехо на штитна жлезда и други. Сите здравствени зделки можете да ги проследите на следниот линк.  

 

Останете ни здрави, весели и во одлично расположение како и досега. До читање! 🙂

Гурмански скара викенд во гостилница “Налеј”

Само неколку часа нé делат од крајот на оваа работна недела. Секој од нас полека ги брои преостанатите канцелариски мигови и си прави ментална мапа на сите забавни активности и убави моменти кои ни претстојат викендов.

 

Да, овие денови се совршени да се изнаспиете колку сакате, да се изодморите, видите со пријателите и семејството и да ги наполните батериите за новата работна недела.

 

А има ли подобар начин за полнење на батериите и регенерација од супер вкусен гурмански ручек или вечера во текот на викендот? Секако дека не! Затоа Купи на Попуст на следниов линк ви нуди низа незаборавни гурмански зделки, како превкусни пици, пилешки прсти и крилца, вафли, скара, потоа кметска тава, бела вешалица, полнет пилешки стек и многу, многу други.

 

Сепак, една зделка е за нас “ѕвезда на денот” и од самата помисла на неа веднаш огладневме! Затоа дозволете од сé срце да ви ја препорачаме. 🙂

 

 

Дали сте љубители на скара и печено месо? Доколку одговоривте потврдно, имаме супер зделка за вас, благодарение на која ќе заштедите пари и скапоцено време за подготовка на храната. Воедно, зделката ќе биде вистински благослов за сите оние кои обожуваат  да јадат скара, но немаат каде да ја приготвуваат (особено ако немате тераса или двор).

 

Со оваа мега гурманска зделка за само 390 денари добивате превкусен деликатесен мешан ордевер – скара од четири видови месо, и тоа: свинско месо, пилешко месо, мелено месо и колбаси. Од овој богат месен микс ви следуваат вкупно 16 парчиња мешана скара, и тоа:

  • 4 парчиња шарска плескавица
  • 4 парчиња пилешки стек
  • 4 парчиња косиљак колбаси
  • 4 парчиња свинско месо

 

Звучи превкусно, нели? 😉 Да, оваа скара е навистина исклучително задоволство за вашите непца и ќе ги задоволи дури и најпребирливите гурмани!

 

Затоа, драги наши, наместо да се дружите со шпоретот овој викенд, искористете го прекрасното сончево време и веднаш резервирајте маса во “Налеј” за вас и вашето семејство. Оваа деликатесна зделка е совршена можност и за оние кои сакаат да се видат со пријателите и заедно да бидат дел од едно врвно гастрономско искуство. Исто така, ако ви се најават непланирани гости или роднини викендов, а немате доволно време да готвите и спремате, знаете што треба да сторите. Брз клик тука, и ќе можете да ги почестите со супер вкусна скара!

 

За да ја избегнете гужвата, направете претходна резервација во “Налеј”  на телефон 02/ 2450-590 или 078 801 989. Исто така, во петок и сабота купонот можете да го искористите во период од 12:00 до 20:00 часот. Во сите преостанати денови можете да се почестите скара во периодот од 12:00 до 24:00 часот.

 

 

Без оглед дали ќе решите да ја пробате оваа мешана скара со пријателите, роднините,  семејството или колегите,  гостилницата “Налеј” е секогаш подготвена топло и срдечно да ве пречека, не само како обични гости, туку како најдраги пријатели, а вие секојпат ќе посакате да дојдете пак, пак и пак…Сместена во срцето на Аеродром, блиску до ТЦ Бисер, “Налеј” е совршено катче за сите оние кои посакуваат да пробаат вкусна храна во мирен, пријатен и модерен амбиент. Се одликува со висококвалитетна храна и пристапни цени. Тимот на гостилницата секогаш е подготвен да ви излезе во пресрет за сите ваши гурмански барања. Освен тоа што се врвни професионалци во својата работа, поседуваат и став дека креативноста е процес во кој учествуваат и тие, но и вие, како нивни гости. Затоа, ако посакувате да пробате нешто ново, нивните вешти готвачи подготвени се секојпат да ви излезат во пресрет со нов оброк, зачин или нов гурмански додаток во јадењето. Да, во “Налеј” на фасцинантен начин се спојуваат како традиционалните, така и најновите гастрономски трендови! Ваше е само да го разгледате менито и изберете вистинскиот специјалитет за вас.

 

Без оглед дали се работи за традиционалната или модерна кујна, гостилницата “Налеј” е максимално посветена на вашето врвно гурманско задоволство. Овој викенд проверете зошто токму оваа гостилница е едно од омилените дестинации на скопските гурмани и место за кое сите зборуваат! Уживајте во незаборавните вкусови на мешаната скара во пријатниот амбиент на гостилница “Налеј”. Bon appetit!