Таг : козметика

Топла депилација – решение за ваша блескава и мазна кожа

Ретко кој козметички третман прави да се чувствуваме поубаво и посамоуверено во својата кожа од  депилацијата. Истата е неизбежен дел од животот на секоја припадничка на понежниот пол, и не е само естетски, туку и еден од основните хигиенски императиви.

 

Жените од стариот Египет се заслужни за тоа што депилацијата е неопходен дел од третманите за разубавување. Мазната и сјајна кожа уште тогаш била симбол на женската убавина и статусен симбол со кој се означувала припадноста на повисоките општествени слоеви. Интересно е да се знае дека токму во Египет настанала првобитна топла депилација, која се состоела од сируп, кој пак бил мешавина од шеќер, сок од лимон и вода. Со тој затоплен сируп се премачкувал дел од кожата и потоа откако ќе се изладел, едноставно корката се симнувала и со тоа исчезнувале и влакната.

 

Депилацијата со топол восок е најстариот и најчестиот тип на депилација. Таа се спроведува така што восокот со својата топлина ја опушта кожата, продира во фоликулите и така влакната се кубат од корен. Со топлиот восок може да се депилира било кој дел од телото. Со тоа се забавува растењето на влакната (за разлика од бричењето, кое пак и зајакнува влакната и ги тера побрзо да растат, на секои два-три дена) и со редовно депилирање истите значително се проретчуваат. Топлата депилација дејствува и како пилинг за вашата кожа, затоа што со неа се симнуваат и мртвите слоеви од кожниот епидерм.

 

Доколку сакаме да бидеме сами свој козметичар, во домашни услови губиме скапоцено време, а можеме и да настрадаме од изгореници ако восокот го загрееме на погрешна температура. Затоа е најдобро оваа работа да им ја препуштиме во целост на професионалци кои на адекватен начин ќе се погрижат да имаме чиста и сјајна кожа.  Токму заради тоа ви ја препорачуваме топлата депилација на цело тело во салонот “Био Аестетик”, зад ТЦ Бисер. Зделката проследете ја тука!  

 

Но, сте се запрашале ли некогаш како да добиете најдобри можни резултати од депилацијата и истата да биде што побезболна? Верувале или не, постојат некои нешта кои треба да ги сторите пред и по депилацијата, а кои може многу да ви значат ако решите да се депилирате.

 

Така на пример, пред депилацијата е пожелно да:

 

  • Се истуширате со топла вода. Тоа ќе помогне да ви се отворат порите и ќе го олесни кубењето на влакната, а со самото тоа депилацијата ќе ви биде и побезболна.
  • За да биде успешна депилацијата, влакната би требало да бидат долги минимум 5 милиметри. Имено, ако се покуси, восокот нема да може доволно добро да ги опфати и да ги искубе. А ако се пак предолги, можете слободно да ги поткастрите пред да започнете со депилацијата.
  • Задолжително информирајте ја козметичарката ако земате некои лекови или антибиотици или користите одредени медицински креми за тело. Сите овие нешта може да предизвикаат зголемено лупење на кожата на телото при депилацијата. И најважното – никако, никако не се депилирајте ако имате изгореници од сонце!
  • Депилирањето во “оние денови” е технички изводливо, но и не препорачливо, затоа што вашата кожа е тогаш многу почувствителна, и заради тоа депилацијата може да ви биде многу поболна од нормалното. Затоа закажете термин по завршувањето на месечниот циклус.
  • Ден пред депилацијата воздржете се од алкохол и кафе. Зошто? Одговорот е мошне едноставен: Со тоа ја дехидрирате кожата, а тогаш влакната се држат поцврсто во коренот и не може да се искубат онака како што треба, туку “пукаат”.

 

А како да се погрижите за кожата по излегувањето од салонот? Еве што би требало да сторите:

 

  • Неколку часа по депилацијата истуширајте се со умерено топла вода. Употребете антибактериски сапун. Избегнувајте сауна и врела вода 24 часа по депилацијата.
  • Не употребувајте ексфолијациски средства и пилинзи најмалку 48 часа по депилацијата. Штом ви се повлече црвенилото, продолжете да ги користите.
  • Воздржете се од напорни физички активности, вежбање како и шетање во природа или парк. Вашата кожа треба да се одмори од потење и да не биде изложена на чад и прашина барем 24 часа по депилацијата.
  • Веднаш по депилирањето не е пожелно да носите тесна облека, особено не skinny фармерки. Насочете се кон комотна и памучна облека, со што ќе ѝ дадете на кожата да дише слободно.
  • Заборавете на солариум и сончање минимум два дена по депилацијата.

 

Драги дами, кој е вашиот “златен совет” за пред и по депилацијата? Применувате ли некој од овие совети, или пак имате некои други трикови? Добредојдени сте да споделите со нас во коментари 🙂

 

И не заборавајте, доколку сакате оваа топла депилација да ја надополните со уште некој третман и да бидете тип-топ средени и разубавени, сé што треба да сторите е клик на следниов линк, каде ве очекуваат екстра понуди за шминкање, третмани за лице, маникир и педикир, фризури и уште многу, многу други. Уживајте!