Таг : заштеда

post image

Производи од IKEA директно до Вашиот дом!

Појаснување:

На www.ikea.bg или www.ikea.rs може да ги погледнете актуелните производи.
 Потребно е да ни го испратите на e-mail admin@kupinapopust.mk кодот од производот и земјата која што сте ја избрале (види пример слика подоле) , а ние за истиот ќе ви одговориме колку чини. По уплатата на производот од Ваша страна, во рок од 2 до 3 недели истиот ќе биде достапен за подигнување од нашите канцеларии. Ве молиме да почекате да ве известиме преку е-маил дека производот е достапен за подигање од нашите канцеларии.
• kupinapopust е посредник при промоцијата и продажбата на производите од ИКЕА. Повеќе детали за актуелните производи ќе најдете на следниот линк – Kupinapopust – Ikea

Достава:
Производите се подигнуваат од нашите канцеларии лоцирани на ул. Никола Вапцаров бр. 3/1, нас. Центар, Скопје ( веднаш наспроти АМСМ испитниот центар )
Доколку не сте во можност да го подигнете производот од нашите канцеларии, пишете ни на admin@kupinapopust.mk Ваше име и презиме, е-маил адреса со кој е купен ваучерот, точна адреса каде сакате да го доставиме производот и телефон за контакт.
• Доставата за Скопје за пратки до 1кг чини само 99 ден.
За другите градови до 1кг – 130 ден.
Пратките пристигаат за 1 до 2 дена за Скопје и 2 до 3 дена за низ републиката.
Напомена: За достава низ цела република за приградски населби, индустриски зони и села со оддалеченост до 5 км од регионален пат со пристапен пат за достава – + 50 ден од цената за достава.
За доставата се грижи нашиот партнер Eкспрес Пошта кои навремено и сигурно ќе ја достави Вашата нарачка.

Нешто повеќе за IKEA

Доколку редовно нé следите, знаете дека сме постојано посветени на тоа да ве израдуваме со сé поголеми попусти и одлични понуди. Сметаме дека со можноста да купувате од дома производи од брендот ИКЕА значително допринесуваме во остварување на вашата желба да го подновите вашиот дом или канцеларија со мебел од овој познат светски бренд!

IKEA е еден од гигантите во производство и продажба на мебел. Во текот на изминатите децении ги освои потрошувачките срца ширум светот со пристапните цени и минималистички шведски дизајн. Основана е 1943 година во Шведска од страна на Ингвар Кампрад. Тој уште на 17-годишна возраст започнал со продажба на чкорчиња, пенкала и ситен мебел. Во тие воени и сиромашни години, ја основа својата компанија за мебел, и ѝ го дава името IKEA (акроним од неговите иницијали, и почетните букви на градот каде што е роден и фармата каде што пораснал). Првите испораки на ситен мебел ги вршел со својот велосипед, а потоа со камион за испорака на млеко. Останатото, како што велат, е историја.

Денес 91-годишниот Ингвар Кампрад е еден од најбогатите луѓе во светот. Иако располага со имот од 23 милијарди долари, тој е неверојатно скромен. Се вози со економска класа во авионите, не се одвојува од својот автомобил “Волво 240”, а сите што добро го познаваат ќе ви потврдат дека има обичај и по неколку пати да ја искористи кесичката за чај или да ги земе мини пакувањата со сол и шеќер од ресторан. Еднаш не го примиле на гала вечера каде што требало да ја добие наградата “Бизнисмен на годината” затоа што на приемот дошол со автобус!

Во 1974 година Ингвар ја има напишано книгата “Тестамент на продавачот на мебел”, каде што ги изнесе своите принципи на работа кои му овозможија да се збогати. Еден од нив е т.н. демократски дизајн, кој подразбира 5 елементи: одржливост, ниска цена, форма, функционалност и квалитет.

Токму овие 5 елементи придонесоа за огромната популарност на IKEA која од година на година е сé поголема во светски рамки.

Image result for фотеља STRANDMON  икеа

 

Денес, повеќе од 500 милиони купувачи пазаруваат во IKEA, која има повеќе од 300 стоковни куќи во 36 земји и 42 дистрибуциски центри во 18 земји. Стоковната куќа која ја има во Стокхолм зафаќа површина од 10 фудбалски терени.

Во понуда има околу 9500 парчиња мебел, а со стоката која ја доставува на годишно ниво би можеле да се наполнат 9000 олимписки базени до врвот.

Дали знаете дека секоја година се штампаат повеќе IKEA каталози отколку Библии? Неверојатно, но вистинито!

Интересно е да се знае како производите ги добиваат своите имиња. Имено, мебелот од ратан се крсти по имињата на шведските градови и села, креветите добиваат имиња на норвешките, а трпезариските маси и столови по фински топоними. Фотелјите секогаш имаат машки, а завесите женски имиња, детските играчки пак се именуваат според животни и птици…и сето тоа затоа што Ингвар Кампрад боледувал од дислексија, па му било полесно производите да ги запомни по име, отколку по броеви на артикли.

А сега, бидејќи знаеме дека нестрпливо ја очекувате нашата понуда, повелете линкот каде што можете да ги видите IKEA производите кои желно ве очекуваат!

Столици и трезариски маси, фотелји, шкафчиња, полици за книги, работни маси, ТВ комоди, фиокари…се потрудивме да избереме производи кои се есенцијални за секој дом, а  воедно нема да го оптеретат вашиот буџет.

Сега повеќе не морате да одите специјално до Солун или Софија во потрага по омиленото парче мебел. Нема повеќе гужви, чекање на граници, хаос додека го барате посакуваното столче или масичка, а тоа можеби веќе се продало. Не заборавајте, со Kupi na Popust штедите време, нерви и многу пари, а штом се работи за IKEA, задоволството е двојно, затоа што добивате врвен скандинавски мебел по најниска можна цена!

Сé што треба да сторите е да го изберете посакуваниот IKEA производ, да го уплатите и потоа да почекате да ви стигне. Производите ги нарачуваме секој петок и ги добиваме наредниот петок.

Значи, за само 2 до 3 недели го добивате долго посакуваното парче IKEA мебел. Без никакви грижи, трошоци и турканици, имате можност да го добиете производот директно на врата. Фантастично, нели? 🙂

Драги наши, разубавете го ентериерот со мебелот на IKEA! Нека вашиот дом или канцеларија заблеска со скандинавски сјај. Уживајте во врвната IKEA елеганција и квалитет со помош на Kupi na Popust! И секако, следете нé за нови фантастични понуди и изненадувања. До читање!

 

5 Причини за незаборавен зимски одмор во Банско!

ТОП 5 причини зошто да престојувате во Банско и оваа сезона
Ова се хотелите кои ги препорачуваме! 

 

Една стара поговорка вели дека среќата не може да се купи со пари. Меѓутоа, научниците докажаа дека тоа и не е баш така. Имено, парите навистина можат да ве усреќат ако ги трошите на драгоцени искуства, а не на материјални нешта. Притоа, едно од најскапоцените искуства кои човек може да ги доживее е да патува. Да, патувањата се навистина храна за душата!

 

И додека сите ние сакаме да патуваме, на многумина од нас ни е познато колку може да биде стресна ситуацијата кога чекаме некоја добра “last minute” зделка од туристичките агенции, надевајќи се дека ќе грабнеме најповолна понуда. Желбата не секојпат ни се остварува бидејќи за истите постои голема навалица и понудите се распродаваат веднаш штом ќе бидат објавени. Истото важи и за хотелските аранжмани. Колкупати за влакно сте ја изгубиле посакуваната соба, само затоа што некој друг уплатил пред вас? Третата, најризична опција, ја практикуваат најлудите и најхрабрите туристи кои патуваат во сопствена режија и самите си бараат смесување на лице место. Во таа алтернатива немате друг избор освен да се задоволите со првата слободна соба, затоа што сé брзо се пополнува, особено во сезона.

 

Како да се избегнат сите овие недоумици и стресови при патувањето? Како да резервирате одличен хотел по најповолни цени и да се одморите сосема мирно и спокојно, избегнувајќи ја трката по најповолен аранжман? Не грижете се повеќе, Купи на Попуст го има совршеното решение за вашиот зимски одмор! 😉

 

 

Овојпат ви го нудиме планинскиот бисер на Бугарија – Банско. Во продолжение ќе ви наведеме повеќе причини зошто ова планинско место би требало да биде вашата совршена дестинација за одмор во есенските и зимските месеци кои ни претстојат.

 

1. Иако Бугарија долго време беше позната по своето приморје и црноморските плажи по багателни цени, последниве години планинските центри како Банско, Боровец или Пампорово стануваат ултра популарни меѓу сите оние кои сакаат да скијаат или едноставно да се одморат на планина. Сезоната за зимски одмор започнува на средината на декември и трае сé до средината на април. Чистиот снег, одичните скијачки патеки, долги седумдестина километри и благопријатната клима придонесуваат за фантастичен одмор.

 

2. Широк дијапазон на фантастични хотели. Да, Банско располага со хотелско сместување за сечиј џеб, почнувајќи од хотелите со 2 ѕвездички, па сé до оние супер луксузни со 5 ѕвезди. Неретко сите овие хотели нудат разни бесплатни услуги, кои на друго место сигурно би ви ги наплатиле. Совршен пример за тоа се спа центрите, кои ги има во речиси секој хотел. Можете сосема бесплатно да се релаксирате во базен, сауна или да добиете масажа. И сето тоа е гратис!

3. Банско ви нуди врвна храна и забава по мошне пристапни цени. Чисто за пример, ако сакате да скијате на француските Алпи, таму за едно пиво морате да издвоите 6 евра. Во Банско го добивате истото за цена од 1,5 – 2 евра максимум. Истото важи и за храната. Сите гурмани можат да се почестат во некоја од многубројните таверни или ресторани, каде што можете да пробате и традиционални јадења. Порциите им се обилни, како и кај нас. Сепак, имајте на ум дека храната е дупло поскапа на падините и скијалиштата, отколку во градот. Па така на пример, ако еден богат ручек во градот е 10 евра, на скијалиштата истиот ќе ве чини 20-тина евра. Сепак, вреди да бидете гостин во некоја од традиционалните таверни и да пробате од нивните деликатеси. 🙂

 

 

4. Банско не би било тоа што е, кога не би ги имало снегот и величествените скијачки падини и патеки. Со 75 километри совршено одржани скијачки патеки, модерни ски лифтови и планински врв од 2600 метри, Банско е апсолутен фаворит за секој кој сака да помине незаборавни скијачки мигови. Исто така, вреди да се знае дека постојат и скијачки школи за почетници по симболични цени, па дури и ски патеки со различна тежина (од почетници до експертско ниво). Но она што е најфасцинантно е дека Банско има дури 161 машина за вештачки снег, со што сте осигурани дека во секое време ќе имате снежна прекривка за скијање!

5. Овој планински туристички центар е незаборавен спој на традиционалното и модерното време. За разлика од алпските скијалишта, Банско има традиција која се протега стотици години наназад. Камените цркви изградени во турско време носат посебен историски шмек и прават контраст со денешната модерна култура. Дрвените куќички и бараки имаат свој посебен шарм по кој се издвојуваат од ултралуксузните хотели, а сепак сите заедно создаваат една уникатна и фасцинантна зимска панорама. Доколку сакате да посетите совршен спој од рустикалното и модерното, Банско е токму за вас!

 

Драги наши, сé што треба да сторите е да ја купите омилената зделка од нашите понуди во Банско на овој ЛИНК и потоа безгрижно да се спакувате. Патувајте и уживајте во снежното Банско со Купи на Попуст! ❄️ ⛷️ ❄️

Black Friday со kupinapopust.mk

Драги наши, дали сте подготвени за најголемата шопинг манија во годината, наречена Black Friday? Овој петок (24.11.2017), бидете со нас, затоа што ви подготвуваме вистинско шопинг лудило – непобедливи понуди по најниски можни цени!

 

 

За само неколку дена ќе започне настанот кој е вистинска увертира за новогодишните празници. Имено, Black Friday е совршена можност да се почестите со некој убав производ кој одамна го посакувате или да купите одлични подароци за најсаканите, по најниски можни цени. Затоа овој ден секоја година станува сé попопуларен ширум светот. И ние полека, но сигурно се приклучуваме на светските трендови и токму затоа Купи на Попуст оваа година организира фантастичен Black Friday онлајн шопинг, само за вас!

Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува името Black Friday (Црн Петок)?

 

Уште од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, американските стоковни куќи имаа за цел да привлечат што повеќе купувачи во петок, последната недела во ноември – еден ден после празникот Ден на Благодарноста. За таа цел стоковните куќи како Macy’s и  Eaton’s спонзорираа одржување на дедомразовски паради  пред своите продавници, и како резулат на тоа голем број купувачи по парадата пазареа кај нив. Тоа е зачеток на т.н. божиќна и новогодишна шопинг треска.

 

Според првата теорија, во тоа време сметководителите профитот го бележеле со црна боја, а загубата со црвена. За време на Black Friday салдото на трговците преминувало од минус во профит, односно од црвена во црна боја, па се верува дека токму поради профитабилното црно сметководствено салдо овој ден го добил и името.

 

Според едно друго гледиште, “кумови” на Black Friday се полицајците и таксистите од Филаделфија, кои едноставно биле исфрустрирани поради преголемата сообраќајна гужва, смог и хаос кој го правеле купувачите, обидувајќи се да се пробијат низ закрчениот сообраќај за да купуваат.

 

 

Интересно е да се знае дека постоеле обиди да се смени името во Big Friday, но тоа не вродило со плод. Иако терминот за првпат почна да се користи од 60-тите, Black Friday дури од 80-тите години на минатиот век се одомаќини и стана дел од божиќното расположение на секое современо американско семејство.

 

Но, Black Friday не се ограничи само на САД. Манијата започна да се шири и во други земји, меѓу кои Велика Британија, Канада, Мексико, Бразил, Индија, Франција, Унгарија,  Романија, Шведска, Данска, Норвешка… Денес Black Friday зема замав низ речиси целиот свет, привлекува 135 милиони купувачи и е ден во кој трговците бележат најголем профит од целата година.

 

Карактеристично е тоа што купувачите со денови се подготвуваат за најголемиот шопинг ден во годината, а голем дел од нив кројат детални планови и стратегии како да купат што повеќе производи и подароци. Па така, некои дури и преспиваат цела вечер пред омилената продавница, за да можат да го фатат посакуваниот попуст веднаш наутро, штом ќе бидат отворени вратите на продавницата. Штом тоа се случи, неретко настануваат вистински стампеда од купувачи, од кои секој се бори да дојде до својот производ.

 

Сепак, од 2015 година е забележан еден нов тренд: огромен број на Black Friday купувачи преку интернет. Во 2015 дури е забележано дека имало поголем број онлајн Black Friday купувачи, отколку оние кои се туркаат по продавниците. Тоа и не е изненадувачки, затоа што е многу полесно и попрактично да купувате од топлината на вашиот дом, без гужви и стресови.

 

 

Сега доаѓаме до причините зошто и вие, драги наши, треба да го следите овој линк, кој одбројува до почетокот на најголемата онлајн Black Friday шопинг треска. Еве зошто никако не смеете да ја пропуштите оваа фантастична можност која ви ја нуди Купи на Попуст:

 

  • Разновидни производи и услуги по врвен квалитет и непобедливо ниски цени со ограничено времетраење (зделките се продаваат по принципот “прв дојден, прв услужен”)
  • Купувате од топлината на вашиот дом, без сообраќаен метеж, гужви и турканици
  • Купувањето е брзо,сигурно, лесно и едноставно, со само неколку клика
  • Штедите скапоцено време и многу, многу пари
  • Одлична можност да купите новогодишни подароци за саканите и семејството

 

Бидете паметни и мудри купувачи, подгответе ја вашата платежна картичка, увежбајте ги прстите за брзо кликнување (затоа што зделките навистина многу брзо знаат да се потрошат) и следете го горниот линк, каде што ве очекуваат врвни Black Friday зделки. Не пропуштајте ја единствената можност во годината да ги добиете омилените производи и услуги по најниски можни цени! Ве сака Купи на Попуст!  ❤️

 

Безбедно патување со онлајн “Еуролинк” осигурување

И покрај тоа што ни пристигна есента, времето е навистина како ретко кога досега топло и сончево. Совршено за убаво есенско патување во некој од претстојните викенди, нели? 😉

 

Купи на Попуст се грижи за вас и вашата безбедност од почетокот до крајот на патувањето. Од самите почетоци целта ни е да имате незаборавно и безбедно патување, без оглед на тоа која дестинација од нашите понуди ќе ја одберете. За да сé помине во најдобар ред, веруваме дека е клучна токму нашата стопроцентна посветеност кон вас. А тоа не се гледа само по бројот на продадени купони, туку и по нашата подготвеност секогаш да ви излеземе во пресрет и да ви понудиме максимален квалитет по најниска можна цена.

 

Затоа овојпат решивме да ви презентираме нешто што ќе ви овозможи безбедно и сигурно патување со само неколку клика. Патувајте ослободени од грижи и стресови, каде и да одите!

 

Имено, без разлика која наша патна зделка ќе решите да ја купите, неизбежен дел на секое патување е патничкото осигурување. Истото не е голем финансиски издаток, а ви овозможува да патувате без грижи и секирации дека на пример, некој може да ви го украде багажот, да ви го оштети автомобилот, одеднаш да се разболите, или не дај боже, да ви го украдат пасошот и останатите документи. Овие ситуации не се толку ретки и им се случуваат на голем број патници, па токму во таквите кризни моменти патничкото осигурување буквално злато вреди и може да ве спаси од мачни процедури, компликации, а за дополнителните финансиски трошоци и да не зборуваме.

 

Патничкото осигурување како концепт не е ништо ново кај нас, но Купи на Попуст заедно со “Еуролинк” решија да ви го направат патничкото осигурување уште подостапно, со само неколку клика!

 

 

 

Дали знаете дека “Еуролинк” ви нуди можност на нивниот сајт самите да си пресметате какво патничко осигурување би било најповолно за вас? Можете да одберете соодветен пакет според вашите релевантни критериуми, а на нивниот калкулатор ќе биде пресметано колку треба да платите. Со само неколку клика вашата трансакција ќе биде процесирана онлајн, а вие брзо, лесно и многу едноставно ќе си добиете “Еуролинк” патничко осигурување, персонализиран осигурителен пакет само за вас, со 10% попуст! Најубавото е што повеќе нема губење време по шалтери или чекање редови, сето ова можете да го завршите од удобноста на вашиот дом или канцеларија.  🙂

 

Но, најпрвин да видиме кој осигурителен пакет би бил најдобар за вас?

 

“Еуролинк” ви нуди 4 патни полиси: 

 

  1. Оптимум полисата ги опфаќа следните ризици:
  • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина
  • Враќање посмртни останки во земјата
  • Враќање малолетни деца во Република Македонија
  • Надомест на телефонски трошоци
  • Посета на пациент кој е хоспитализиран во странство – превоз и сместување во хотел
  • Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина

 

  1. Премиум полисата ги опфаќа сите ризици од Оптимум полисата, но е проширена и со следниве дополнителни ризици:
  • Багаж – кражба, оштетување и уништување
  • Багаж – кражба во моторно возило
  • Багаж – задоцнето пристигнување во странство
  • Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертификат

 

 

  1. Следи ВИП Полисата, наменета за сопственици на бизниси, членовите на органи на управување во компании како за вработените во истите.

Таа ги опфаќа сите елементи од Оптимум и Премиум полисите, плус овие дополнителни ризици:

  • Трансфер на деловни колеги
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во делловни простории, фабрика
  • Надомест на трошоци заради доцнење или откажување на лет
  • Враќање моторно возило

Како што можете да видите, Оптимум полисата е наједноставна, а потоа се надградува со дополнителни ризици во Премиум, односно ВИП полисата.

 

  1. Но, тоа не е сé! Имено, “Еуролинк” мисли и на љубителите на ски спортовите. Па така, имаат и специјален Ски Пакет, со кој е опфатено следново:
  • Доцнење, губење или кражба на ски опрема (скии, чевли, штеки, ски борд) при транспорт
  • Болест или повреда при зимување
  • Затворање терени
  • Лавина или слегнување на земјиште

Овој пакет е идеален за вас доколку се бавите аматерски со скијање и сноуборд.

 

Сега сé што треба да направите е да  ја изберете вашата посакувана дестинација тука.

 

Потоа појдете на следниов линк, каде со само неколку брзи клика можете да ја изберете вашата персонализирана патна полиса. Плаќањето и купувањето на полисата се целосно безбедни и целата процедура ќе ја завршите за миг.

 

Нека патувањата ви бидат незаборавна и безгрижна авантура со Купи на Попуст и “Еуролинк!” Среќен пат! 🙂

Гурмански скара викенд во гостилница “Налеј”

Само неколку часа нé делат од крајот на оваа работна недела. Секој од нас полека ги брои преостанатите канцелариски мигови и си прави ментална мапа на сите забавни активности и убави моменти кои ни претстојат викендов.

 

Да, овие денови се совршени да се изнаспиете колку сакате, да се изодморите, видите со пријателите и семејството и да ги наполните батериите за новата работна недела.

 

А има ли подобар начин за полнење на батериите и регенерација од супер вкусен гурмански ручек или вечера во текот на викендот? Секако дека не! Затоа Купи на Попуст на следниов линк ви нуди низа незаборавни гурмански зделки, како превкусни пици, пилешки прсти и крилца, вафли, скара, потоа кметска тава, бела вешалица, полнет пилешки стек и многу, многу други.

 

Сепак, една зделка е за нас “ѕвезда на денот” и од самата помисла на неа веднаш огладневме! Затоа дозволете од сé срце да ви ја препорачаме. 🙂

 

 

Дали сте љубители на скара и печено месо? Доколку одговоривте потврдно, имаме супер зделка за вас, благодарение на која ќе заштедите пари и скапоцено време за подготовка на храната. Воедно, зделката ќе биде вистински благослов за сите оние кои обожуваат  да јадат скара, но немаат каде да ја приготвуваат (особено ако немате тераса или двор).

 

Со оваа мега гурманска зделка за само 390 денари добивате превкусен деликатесен мешан ордевер – скара од четири видови месо, и тоа: свинско месо, пилешко месо, мелено месо и колбаси. Од овој богат месен микс ви следуваат вкупно 16 парчиња мешана скара, и тоа:

  • 4 парчиња шарска плескавица
  • 4 парчиња пилешки стек
  • 4 парчиња косиљак колбаси
  • 4 парчиња свинско месо

 

Звучи превкусно, нели? 😉 Да, оваа скара е навистина исклучително задоволство за вашите непца и ќе ги задоволи дури и најпребирливите гурмани!

 

Затоа, драги наши, наместо да се дружите со шпоретот овој викенд, искористете го прекрасното сончево време и веднаш резервирајте маса во “Налеј” за вас и вашето семејство. Оваа деликатесна зделка е совршена можност и за оние кои сакаат да се видат со пријателите и заедно да бидат дел од едно врвно гастрономско искуство. Исто така, ако ви се најават непланирани гости или роднини викендов, а немате доволно време да готвите и спремате, знаете што треба да сторите. Брз клик тука, и ќе можете да ги почестите со супер вкусна скара!

 

За да ја избегнете гужвата, направете претходна резервација во “Налеј”  на телефон 02/ 2450-590 или 078 801 989. Исто така, во петок и сабота купонот можете да го искористите во период од 12:00 до 20:00 часот. Во сите преостанати денови можете да се почестите скара во периодот од 12:00 до 24:00 часот.

 

 

Без оглед дали ќе решите да ја пробате оваа мешана скара со пријателите, роднините,  семејството или колегите,  гостилницата “Налеј” е секогаш подготвена топло и срдечно да ве пречека, не само како обични гости, туку како најдраги пријатели, а вие секојпат ќе посакате да дојдете пак, пак и пак…Сместена во срцето на Аеродром, блиску до ТЦ Бисер, “Налеј” е совршено катче за сите оние кои посакуваат да пробаат вкусна храна во мирен, пријатен и модерен амбиент. Се одликува со висококвалитетна храна и пристапни цени. Тимот на гостилницата секогаш е подготвен да ви излезе во пресрет за сите ваши гурмански барања. Освен тоа што се врвни професионалци во својата работа, поседуваат и став дека креативноста е процес во кој учествуваат и тие, но и вие, како нивни гости. Затоа, ако посакувате да пробате нешто ново, нивните вешти готвачи подготвени се секојпат да ви излезат во пресрет со нов оброк, зачин или нов гурмански додаток во јадењето. Да, во “Налеј” на фасцинантен начин се спојуваат како традиционалните, така и најновите гастрономски трендови! Ваше е само да го разгледате менито и изберете вистинскиот специјалитет за вас.

 

Без оглед дали се работи за традиционалната или модерна кујна, гостилницата “Налеј” е максимално посветена на вашето врвно гурманско задоволство. Овој викенд проверете зошто токму оваа гостилница е едно од омилените дестинации на скопските гурмани и место за кое сите зборуваат! Уживајте во незаборавните вкусови на мешаната скара во пријатниот амбиент на гостилница “Налеј”. Bon appetit!