Таг : ехо

Ехо на дојки во ПЗУ “Асклепиос”

Здравјето е најскапоценото нешто што го поседуваме. За жал, многумина од нас го земаме истото здраво за готово и најчесто реагираме предоцна – кога ќе се разболиме. Превентивната грижа и прегледи се особено важни во денешното време во кое се соочуваме со загаден воздух, нездрава храна и вода и многу, многу стрес. Токму затоа канцерогените заболувања земаат сé поголем замав.

 

Притоа, еден од најопасните, најскриените и најчестите тумори е токму канцерот на дојка, и е малигно заболување кое предизвикува најголема стапка на смртност кај жените. Истиот во почетните стадиуми нема никакви симптоми, а најчесто се открива преку рутински преглед – сосема случајно. Затоа се од суштинска важност редовните прегледи (ехо и мамографија) и самопрегледи преку допир, кои секоја жена може да ги направи. Ако се открие тумор во најраниот стадиум, стапката на излекување изнесува 95%.

 

Ракот на дојка за жал не бира години. Пред дваесетина години најмногу заболувале жените над 50 или 60 годишна возраст. Денес има сé поголем број на припаднички на понежниот пол кои заболуваат на 30 или 40 години. Во тие години канцерогените промени се одвиваат особено рапидно и со поголем интензитет отколку кај повозрасните жени, па затоа е од исклучителна важност да се вршат редовни прегледи еднаш годишно.

 

Контролните самопрегледи (допирање на дојката за забележување на јазолчиња, испакнатини или други површински промени) може сама да ги врши секоја девојка над 20-тата година. Ехо прегледот е препорачлив за секоја жена над 30 години, а комбиниран преглед со ехо и мамографија се врши кај сите пациентки постари од 40 години.

 

 

Како да се подготвите за ехо прегледот на градите и што треба да знаете за него?

 

Прво, не ви е потребна никаква посебна подготовка. Самиот ехо преглед е безболен и безопасен, затоа што нема штетни рендгенски зрачења. Доктор специјалист го прави прегледот со ехо сонда, а истата работи со ултразвучни бранови. Прегледот се врши така што се соблекувате до половина, докторот го мачка местото за преглед со гел и со сондата поминува преку него.

 

Со ехото (ултразвук) се анализираат кожата, масното ткиво, поткожните делови на дојките, млечните жлезди, евентуални јазолчиња или цисти во градите. Доколку бидат воочени сомнителни промени, се зема примерок со цитолошко пунктирање  и материјалот се праќа на цитолошка анализа. Исто така, со прегледот се проверуваат и лимфните јазли под пазувите.

 

Значи, со помош на ехо прегледот можат да се воочат следниве промени:

  • Цисти во градите се балончиња кои во повеќето случаи се исполнети со бистра течност. Големината им варира од неколку милиметри до неколку сантиметри, а се јавуваат како последица на хормонски промени. Можат да исчезнат како што и настанале, спонтано. Ако не ги снема, се вадат безболно со помош на игла.

 

  • Фиброаденоми се бенигни тумори. Какартеристични се за помладите жени. Најчесто имаат дијаметар од 1,5 сантиметри и за нив не е потребна никаква хируршка интервенција , туку само редовно следење.

 

  • Третите и најфатални се малигните тумори. Токму тие се одговорни за канцерот на дојка и огромната смртност помеѓу женската популација. Во повеќето случаеви се откриваат преку ехо, но некои умеат да бидат и скриени, па така, ако се јави и најмал сомнеж за постоење на малиген тумор, мора веднаш да се направи и мамографија.

 

Драги дами, тимот на Купи на Попуст е неуморно посветен на вашето здравје. Ние сакаме да бидете во секое време здрави, мирни, безгрижни и спокојни. Токму затоа овојпат ви нудиме ехо преглед на дојки заедно со скрининг на лимфни јазли во ПЗУ “Асклепиос”, за само 500 денари!

 

Во цената е вклучен ЕХО преглед на дојка, скрининг на реионални лимфни јазли и извештај и дијагноза. Прегледите ги извршува Д-р Лидија Ристовска – специјалист по интерна медицина и субспецијализант по кардиологија.

 

 

Не пропуштајте ја оваа можност да се прегледате по симболична цена ПЗУ “Асклепиос”. Купонот ве очекува тука. Имајте на ум дека токму ехото на дојка е преглед кој на голем број жени им го има спасено животот. Не дозволувајте си да бидете дел од црната статистика. Бидете претпазливи, внимателни и грижете се превентивно за вашето здравје и физичка благосостојба!

 

Доколку пак сакате да проследите некоја друга зделка поврзана со вашето здравје, повелете на следниот линк, каде ве очекуваат стоматолошки прегледи, алерго прегледи, крвна слика, кардиолошки преглед, ехо на абдомен, ехо на штитна жлезда и други. Сите здравствени зделки можете да ги проследите на следниот линк.  

 

Останете ни здрави, весели и во одлично расположение како и досега. До читање! 🙂