Таг : викенд

Есенски шопинг во Софија

Доколку сакате да си го разубавите претстојниот викенд и да посетите балканска метропола која се одликува со богата историја, но и мошне прифатливи цени за наш стандард, ви предлагаме да ја посетите Софија! Главниот град на Бугарија датира уште од пред 7000 години и се смета за втор најстар град во Европа.

 

Сите оние кои посакувале да го посетат овој интересен и волшебен град, сега можат да го сторат тоа, затоа што Купи на Попуст заедно со туристичката агенција “Бисер Пром” во сабота 18.11 или недела 19.11.2017 ве водат на незаборавна шопинг тура низ Софија,  и тоа дури на три локации. Купонот ве очекува на следниов линк 😉

За само 690 денари за 2 лица добивате можност да го посетите најголемиот шопинг мол во Бугарија – Paradise Center, потоа Ikea Ring Mall и познатиот Decathlon!

 

Paradise Center e отворен во 2013 година и оттогаш неговата популарност постојано расте. Молот претставува уникатна синергија помеѓу урбаната средина, човекот и природата. Па така, иако е шопинг центар, поделен е на 4 целини: градина, кањон, тераса и булевар. Сите тие поседуваат зеленило, шеталишта со дрвореди, па дури и водопад! Добивате уникатно искуство на шопингување во зелена и природна околина. Молот навистина на еден шармантен начин ја отсликува Софија – динамичен, модерен, зелен спој на природата и урбанизмот.

 

Paradise Center поседува над 350 продавници со над 1000 брендови, на 80 000 метри квадратни. Сé што некојпат сте посакувале да купите, а не сте знаеле каде, ќе го најдете тука. Женска и машка мода, акцесоари, играчки, цвеќе, парфеми, долна облека, спортски брендови, чевли и чанти – овој мол има понешто за сечиј вкус и џеб.

 

 

Од бутиците, Inditex групацијата е застапена со Zara, Bershka, Pull&Bear, Stradivarius, Massimo Dutti, Oysho, LPP – Reserved, Mohito, Cropp Town, House. Најголемата продавница на Балканот на Marks&Spencer е токму тука, како и H&M. Следат Dirk Bikkembergs, Original Marines, Folli Follie, Collective, Who’s Who, Sadro Ferrone и разни други брендови. Најлуксузните се застапени со Tommy Hilfiger, Escada, Versace Collection, Cesare Paciotti, BCBGMAXAZRIA, Masons, Wolford, Morrigan, Bebe и други. Молот ги отвора портите за посетителите рано наутро од 6:30, а работи до 2 часот по полноќ.

 

Тука можете да ја проследите пребогатата понуда на Paradise Center, како и да си го пронајдете омиленото парче облека или акцесоар кој веќе долго посакувате да го купите.

 

Доколку сакате да го посетите само Paradise Center, ќе може намира во него да шопингувате до времето предвидено за заминување (16:30 часот), а ако пак сакате да искусите сé, одиме до  Ikea Ring Mall!

 

Напознатиот шведски гигант за мебел, по принципот “направи сам” отвори свои продавници во Бугарија (Варна, Бургас и Софија) од кои најпозната е токму онаа во бугарската метропола. Ikea се одликува со скандинавски квалитет и мошне пристапни цени, па затоа не пропуштајте ја можноста за симболична сума да ги го разубавите домот со некоја од нивните промотивни понуди! Проследете го бугарскиот вебсајт на Ikea, каде ќе најдете буквално сé за вашиот дом, од игла до локомотива.

 

Воедно, ви предлагаме да ги искористите неодоливите промо понуди на Ikea. Само погледнете го следниов леток, кој важи до 29.10.2017. Со овие лампи и светилки ќе внесете светлина и топлина во секое катчe од домот. Во другиот промо леток, кој истекува на 31.10.2017, имате фантастични мали масички, како и библиотека и шкафчиња по промотивни цени. Модерен шведски минимализам кој ќе внесе стил и топлина во сечиј дом – тоа го може само Ikea!

 

 

Велат дека обично најубавото останува за крај, а во овој случај најмногу ќе ги израдуваме сите спортисти и рекреативци, за кои подготвивме шопинг во Decathlon. Овој интернационален спортски бренд започна со својата работа во Франција во 1976 година и се прошири како молња низ целиот свет. Денес има повеќе од 1100 продавници низ целиот свет, а компанијата вработува повеќе од 78 000 вработени.

 

Decathlon има низа свои брендови, од кои секој бренд е поврзан со одредена спортска гранка. Атлетика, тимски спортови, планинарење, пливање, јога, велосипедизам, јавање коњи, голф, трчање, стрелаштво, фитнес, лов и риболов, планинарење, кампување, водени спортови, скијање и зимски спортови – ова се најпознатите спортски гранки, за кои Decathlon може да ве опреми од глава до петици, почнувајќи од облека и обувки па сé до неопходна опрема и спортски ацесоари! Овде можете да видите што сé имаат во нивната разновидна понуда. Исто така, моментално е “на сила” трајно намаление на над 1000 продукти, а дел од таа понуда ве чека на овој линк. Decathlon навистина успева во својата мисија – да го направи спортот и спортската опрема достапни за секој маж, жена и дете.

 

Значи, ако сте страстен љубител на шопингот или спортот, или пак сакате да го разубавите домашниот ентериер со интересно парче скандинавски мебел, оваа сабота нека токму Софија биде вашата патувачка дестинација. Уживајте во шопингувањето и разубавете си го викендот, затоа што ВИЕ тоа го заслужувате! 🙂

Откријте ги туристичките бисери на Македонија

Убавото време сé уште одлично нé служи, па затоа на прагот на овој викенд сакаме да ве израдуваме со одлични попусти за патувања. Но овојпат не се решивме за некои од странските дестинации, туку за најубавите македонски туристички и излетнички места.

 

Доколку сте посакувале подетално да ги запознаете македонските природни убавини, но и да се разгалите во комфорен и пријатен смештај кој во ништо не заостанува зад светските угостителски критериуми, веруваме дека ќе ви се допаднат попустите кои ви ги нудиме во прилог. Ова е уникатна можност од прва рака да ги искусите македонските природни убавини и најпопуларни туристички дестинации, кои стануваат сé попопуларни и кај странските туристи.

 

Започнуваме со најпознатиот македонски туристички бисер – Охрид! Најстарото езеро во Европа и градот со дури 365 цркви (по една за секој ден во годината) никого не оставаат рамнодушен. Токму затоа во “Балканскиот Ерусалим” секоја година доаѓаат сé повеќе и повеќе странски туристи Дали знаете дека старото име на Охрид е Лихнида, што во превод значи “градот на светлината”? Затоа дозволете му на овој блескав град да ве освои! Денес Охрид ја носи и престижната титула – дел од светското наследство на УНЕСКО. За вашиот престој во оваа најпопуларна македонска дестинација за вас ги издвоивме aпартмани “Охридика“, потоа де лукс апартманите “Јован”, вилата “TOMIĆ“, вилата “Stefano” како и апартманите “Донески”. Оние пак кои преферираат хотелско сместување, можат да се определат за хотелските комплекси “Маива” и “Климетица 2” со 4 ѕвезди, во туристичката населба св. Стефан, во близина на Охрид. Истите се опкружени со борова шума и се на само педесетина метри од езерската шир. Луксузно сместување и прекрасен природен амбиент, има ли нешто поубаво од тоа? Секако дека не!

 

Како Струга нема друга! Родното место на браќата Миладиновци, и домаќин на меѓународно познатите Струшките Вечери на Поезијата,  Струга е град со богато културно и историско минато. Цивилизацијата во Струга потекнува уште од неолитско време, а старото име на градот – Енхалон, верувале или не, означувало “јагула”! Ова шармантно градче го освојува секој посетител, а старите Стружани за тоа знаат да кажат: “Кога ќе пукне туристичката сезона, Струга наеднаш се изменува, небаре низ чаршијата пројурил Св. Ѓорѓија на бел коњ и со копје им ја пуштил застојаната крв, и сè се разживеало!”. Почувствувајте ги и вие струшките убавини во суперлуксузниот хотел “Изгрев” со 5 ѕвездички. Светско, а наше!

 

Најмалиот македонски езерско туристички бисер е Дојран, но имајте на ум дека некогаш токму најубавите нешта доаѓаат во мали пакувања 😉  Само проследете ја нашата понуда за прекрасните апартмани “Bella Villa” во Нов Дојран и ви гарантираме дека отсега натаму ова ќе биде вашата омилена дестинација за одмор и полнење на батериите. Врвно уживање во чист воздух, превкусна риба и суперлуксузен смештај!

 

Македонија не ги привлекува туристите само со своите езерски широчини. Напротив. Имаме итекако со што да се гордееме кога станува збор и за планинските градови и туристички центри, кои се вистински оази на чист воздух и прекрасна, недопрена природа.

 

Револуционерното Крушево со својата надморска височина од 1350 метри се смета за највисоко градче на Балканскиот полуостров. Градот без кој не би ги имале Илинденското востание и Крушевската Република се одликува со исклучителен уникатен шарм и едноставност. Крушевската староградска архитектура, уметноста на Никола Мартиноски и фасцинантните резби и копаничарството се нешто што засекогаш ќе го паметите. Посетете го родниот град на Тоше Проески и откријте ги волшебствата на Крушево! Крушевските домаќини ве очекуваат во апартманите “Бубамара“, апартманите “Никола”, како и вила “Софија”.

 

Уште еден незаборавен планински бисер е Берово, градче со најчист воздух во цела Македонија, па и пошироко. Дом на голем број македонски револуционери, Берово е опкружено со изобилие од букови, борови и дабови шуми. Целата таа убавина се надополнува со прекрасното Беровско Езеро, вистинско место за хармонија и релаксација. Ако го посетите Берово, никако не заборавајте да ги пробате највкусниот беровски компир и сирење, гастрономската гордост на градот! Беровчани срдечно ќе ве пречекаат во апармани “Хестиа”, вила “Клепало” или пак во хотелот “Манастир“.

 

Оние кои сакаат да се одморат во ултралуксузен хотелски комплекс во планина, да уживаат и во шума и во езеро истовремено, ќе бидат одушевени од хотел “Радика”, лоциран во националниот парк Маврово. Хотелот е еден од најлуксузните во Македонија, располага со врвен спа центар и современи, удобни и елегантни соби. Доколку сакате да избегате од градската врева и стрес, ова е вистинското место за вас!

 

 

За оние кои бараат гастрономски етно шмек, ги препорачуваме етно село “Тимчевски“, во село Младо Нагоричане, Кумановско и ресторан вилата “Осоговска Куќа” на Пониква. Кај нив добивате не само врвен смештај, туку и можност да вкусите низа специјалитети на локалната кујна, како на пример зелник под вршник, селско месо, домашен колбас и пинџур, специјалитети на скара, домашно приготвени чорби, риба и низа други оброци во фурна, како во дамнешните времиња.

 

Но, ако помисливте дека сите овие понуди се направени само за Скопјани, се излажавте.  Имено, сите оние кои се од внатрешноста на нашата убава Македонија, а сакаат да го посетат главниот град и да уживаат во него, тоа можат да го сторат така што ќе изберат сместување во апартманите “Ања” или во хостелот “Station Guest House”, во самиот центар на градот. Почувствувајте ја динамиката на македонската метропола и откријте зошто секој одново и одново му се враќа на Скопје! До читање!