Таг : автомобил

Есенско хемиско чистење на автомобил и промена на гуми

Чист и безбеден автомобил е неопходен услов за пријатно и сигурно возење. И додека многумина од нас ги носат своите автомобили на надворешно перење во автосервис, не секој редовно се грижи за внатрешната хигиена на автомобилот. Тоа речиси секојпат се остава за последен момент затоа што сметаме дека имаме поприоритетни обврски.

 

Но, дали е навистина така или само си наоѓаме оправдување? Во едно неодамна спроведено истражување утврдено е дека на луѓето им е далеку понепријатно ако им е валкан домот, отколку автомобилот.

 

Тоа не е фер, нели? Особено затоа што и автомобилот е на некој начин нашиот втор дом. Без оглед на тоа дали го користиме за одење на училиште или работа, пазарење, одење во град, излети или патување надвор од државата, нашиот автомобил е постојан придружник во низа моменти од нашиот живот и заслужува да се грижиме за него – како однадвор, така и одвнатре.

 

 

Внатрешноста на колата е исто толку битна како и нејзината надворешност, особено ако имате мали деца или миленици. Остатоци од храна, ливчиња, дамки од  истурени пијалоци – сето тоа може да се најде во еден просечен семеен автомобил. Но дури и ако немате семејство, немојте да мислите дека вашиот автомобил е перфектно чист. Во внатрешноста на автомобилот секојдневно се таложат прав, алергени и разни бактерии. Истите умеат да бидат невидливи за голо око и не можат да се отстранат никако освен со стручно хемиско чистење. Да не зборуваме за тоа што умеат да бидат навистина штетни и по вашето здравје.

 

Редовното чистење и грижа за вашиот автомобил е императив ако сакате да ја одржите неговата вредност или да го продадете во иднина. Исто како што е тоа случај и со недвижнините, чистиот, одржуван и блескав автомобил ќе постигне многу повисока цена од некој кој е валкан и запуштен.

 

 

Затоа дозволете да ви предложиме стручно и квалитетно професионално решение за беспрекорно чист автомобил – сервисот “Бел Лотос”. Тие ќе се погрижат внатрешноста на вашиот автомобил да заблеска однатре како никогаш досега. Чистењето го вршат  со најсовремени средства, детергенти и професионални машини од брендот Alto, Karcher и Tornador Black. Вие добивате хемиско перење на седиштата и тапацирот од вратите и освежен автомобил. Не пропуштајте ја оваа единствена можност да добиете тип топ среден автомобилски ентериер за само 850 денари! Зделката ве очекува тука. 

 

Исто така, бидејќи ни пристигна есента, а со неа и постуденото време, во салоните на “Церес” имате можност да извршите промена и балансирање на гумите на вашиот автомобил, како и полнење со азот на четирите пневматски гуми. И додека вработените во сервисот ја вршат својата работа, вие можете да уживате во омилениот пијалок, ТВ програма или да сурфате на интернет во кафетеријата која се наоѓа во рамки на сервисот. Одлично, нели? Сето тоа по супер промотивна цена од само 370 денари.

 

Но она што е најдобро е што и за двете овие зделки не мора да патувате далеку, од еден на друг крај на градот да ги искористите. И “Бел Лотос” и “Церес” се лоцирани во Момин Поток и се навистина блиску едно до друго. Церес е на ул. Скупи бр.1, а Бел Лотос е на ул. Скупи бр.5. Со нашите зделки не штедите само пари, туку и скапоцено време. 😉

 

Купи на Попуст секојпат се грижи вашиот автомобил да функционира беспрекорно, па затоа на следниов линк можете да најдете широка палета авто услуги за сé што ви душа сака, почнувајќи од промена на масло и филтери, потоа брзо и ефикасно полирање фарови како и промени на предни и задни диск плочки или центрирање на тркала и проверка на подвозје.

 

Како што гледате, за да имате чист, среден и технички исправен автомобил не ви е потребно вистинско мало богатство за негово одржување. Сé што ви треба се добра волја и брзи прсти за да ги искористите нашите супер поволни зделки, на кои неуморно работиме, само за вас. Уживајте во безгрижното возење и беспрекорно чистиот и освежен автомобил! 🙂