Производи од Decathlon директно во Вашиот дом!

Појаснување: 

Почитувани корисници,

• На www.decathlon.bg може да ги погледнете сите актуелни производи.
 Потребно е да ни го испратите на e-mail admin@kupinapopust.mk кодот од производот (види слика подолу) за кој сте заинтересирани, а ние за истиот ќе ви одговориме колку чини. По уплатата на производот од Ваша страна, во рок од 2 до 3 недели истиот ќе биде достапен за подигнување од нашите канцеларии. Ве молиме да почекате да ве известиме преку е-маил дека производот е достапен за подигање од нашите канцеларии.
 kupinapopust е посредник при промоцијата и продажбата на производите од Decathlon. Повеќе детали за актуелните производи ќе најдете на следниот линкKupinapopust – Decathlon
Во случај да не ви одговара бројот, можна е замена. Замената се доплаќа 260 ден. за производи до 5 кг.



Достава:
• Производите се подигнуваат од нашите канцеларии лоцирани на ул. Никола Вапцаров бр. 3/1, нас. Центар, Скопје ( веднаш наспроти АМСМ испитниот центар )
• Доколку не сте во можност да го подигнете производот од нашите канцеларии, пишете ни на admin@kupinapopust.mk Ваше име и презиме, е-маил адреса со кој е купен ваучерот, точна адреса каде сакате да го доставиме производот и телефон за контакт.
• Доставата за Скопје за пратки до 1кг чини само 99 ден.
• За другите градови до 1кг – 130 ден.
• Пратките пристигаат за 1 до 2 дена за Скопје и 2 до 3 дена за низ републиката.
• Напомена: За достава низ цела република за приградски населби, индустриски зони и села со оддалеченост до 5 км од регионален пат со пристапен пат за достава – + 50 ден од цената за достава.
• За доставата се грижи нашиот партнер Eкспрес Пошта кој навремено и сигурно ќе ја достави Вашата нарачка.

Нешто повеќе за Decathlon

Компанијата Decathlon е основана во 1976 година во Франција. Има широк спектар на опрема за сите спортови, како што се планинарски и водни спортови, пливање, трчање, наутика, фитнес и гимнастика, тимски спортови, велосипедизам, риболов, одење и многу други…

Она што го прави Decathlon единствен на пазарот и трговијата со спортска опрема е фактот што заедно со врвните брендови на спортска опрема, нуди и производи од дваесетте сопствени Passion брендови, кои во целост ги развила самата компанија. Многу од производите на Passion брендовите се развивале во истражувачките центри на компанијата со примена на најнова технологија за изработка на спортска опрема.

Сега повеќе не морате да одите специјално до Солун или Софија во потрага по омилените производи од Decathlon. Нема повеќе гужви, чекање на граници, хаос додека ја барате омилената спортска опрема. Не заборавајте, со Kupi na Popust штедите време, нерви и многу пари, а штом се работи за Decathlon, задоволството е двојно, затоа што добивате врвен квалитет по најниска можна цена!

Сé што треба да сторите е да го изберете посакуваниот Decathlon производ, да го уплатите и потоа да почекате да ви стигне. Производите ги нарачуваме секој петок и ги добиваме во рок од 2 до 3 недели.

Значи, за само 2 до 3 недели го добивате долго посакуваниот производ од Decathlon. Без никакви грижи, трошоци и турканици, имате можност да го добиете производот директно на врата. Фантастично, нели? 🙂

Уживајте во врвнот Decathlon квалитет со помош на Kupi na Popust! И секако, следете нé за нови фантастични понуди и изненадувања. До читање!

 

 

Leave a Reply