5 Причини за незаборавен зимски одмор во Банско!

ТОП 5 причини зошто да престојувате во Банско и оваа сезона
Ова се хотелите кои ги препорачуваме! 

 

Една стара поговорка вели дека среќата не може да се купи со пари. Меѓутоа, научниците докажаа дека тоа и не е баш така. Имено, парите навистина можат да ве усреќат ако ги трошите на драгоцени искуства, а не на материјални нешта. Притоа, едно од најскапоцените искуства кои човек може да ги доживее е да патува. Да, патувањата се навистина храна за душата!

 

И додека сите ние сакаме да патуваме, на многумина од нас ни е познато колку може да биде стресна ситуацијата кога чекаме некоја добра “last minute” зделка од туристичките агенции, надевајќи се дека ќе грабнеме најповолна понуда. Желбата не секојпат ни се остварува бидејќи за истите постои голема навалица и понудите се распродаваат веднаш штом ќе бидат објавени. Истото важи и за хотелските аранжмани. Колкупати за влакно сте ја изгубиле посакуваната соба, само затоа што некој друг уплатил пред вас? Третата, најризична опција, ја практикуваат најлудите и најхрабрите туристи кои патуваат во сопствена режија и самите си бараат смесување на лице место. Во таа алтернатива немате друг избор освен да се задоволите со првата слободна соба, затоа што сé брзо се пополнува, особено во сезона.

 

Како да се избегнат сите овие недоумици и стресови при патувањето? Како да резервирате одличен хотел по најповолни цени и да се одморите сосема мирно и спокојно, избегнувајќи ја трката по најповолен аранжман? Не грижете се повеќе, Купи на Попуст го има совршеното решение за вашиот зимски одмор! 😉

 

 

Овојпат ви го нудиме планинскиот бисер на Бугарија – Банско. Во продолжение ќе ви наведеме повеќе причини зошто ова планинско место би требало да биде вашата совршена дестинација за одмор во есенските и зимските месеци кои ни претстојат.

 

1. Иако Бугарија долго време беше позната по своето приморје и црноморските плажи по багателни цени, последниве години планинските центри како Банско, Боровец или Пампорово стануваат ултра популарни меѓу сите оние кои сакаат да скијаат или едноставно да се одморат на планина. Сезоната за зимски одмор започнува на средината на декември и трае сé до средината на април. Чистиот снег, одичните скијачки патеки, долги седумдестина километри и благопријатната клима придонесуваат за фантастичен одмор.

 

2. Широк дијапазон на фантастични хотели. Да, Банско располага со хотелско сместување за сечиј џеб, почнувајќи од хотелите со 2 ѕвездички, па сé до оние супер луксузни со 5 ѕвезди. Неретко сите овие хотели нудат разни бесплатни услуги, кои на друго место сигурно би ви ги наплатиле. Совршен пример за тоа се спа центрите, кои ги има во речиси секој хотел. Можете сосема бесплатно да се релаксирате во базен, сауна или да добиете масажа. И сето тоа е гратис!

3. Банско ви нуди врвна храна и забава по мошне пристапни цени. Чисто за пример, ако сакате да скијате на француските Алпи, таму за едно пиво морате да издвоите 6 евра. Во Банско го добивате истото за цена од 1,5 – 2 евра максимум. Истото важи и за храната. Сите гурмани можат да се почестат во некоја од многубројните таверни или ресторани, каде што можете да пробате и традиционални јадења. Порциите им се обилни, како и кај нас. Сепак, имајте на ум дека храната е дупло поскапа на падините и скијалиштата, отколку во градот. Па така на пример, ако еден богат ручек во градот е 10 евра, на скијалиштата истиот ќе ве чини 20-тина евра. Сепак, вреди да бидете гостин во некоја од традиционалните таверни и да пробате од нивните деликатеси. 🙂

 

 

4. Банско не би било тоа што е, кога не би ги имало снегот и величествените скијачки падини и патеки. Со 75 километри совршено одржани скијачки патеки, модерни ски лифтови и планински врв од 2600 метри, Банско е апсолутен фаворит за секој кој сака да помине незаборавни скијачки мигови. Исто така, вреди да се знае дека постојат и скијачки школи за почетници по симболични цени, па дури и ски патеки со различна тежина (од почетници до експертско ниво). Но она што е најфасцинантно е дека Банско има дури 161 машина за вештачки снег, со што сте осигурани дека во секое време ќе имате снежна прекривка за скијање!

5. Овој планински туристички центар е незаборавен спој на традиционалното и модерното време. За разлика од алпските скијалишта, Банско има традиција која се протега стотици години наназад. Камените цркви изградени во турско време носат посебен историски шмек и прават контраст со денешната модерна култура. Дрвените куќички и бараки имаат свој посебен шарм по кој се издвојуваат од ултралуксузните хотели, а сепак сите заедно создаваат една уникатна и фасцинантна зимска панорама. Доколку сакате да посетите совршен спој од рустикалното и модерното, Банско е токму за вас!

 

Драги наши, сé што треба да сторите е да ја купите омилената зделка од нашите понуди во Банско на овој ЛИНК и потоа безгрижно да се спакувате. Патувајте и уживајте во снежното Банско со Купи на Попуст! ❄️ ⛷️ ❄️

Leave a Reply