Black Friday со kupinapopust.mk

Драги наши, дали сте подготвени за најголемата шопинг манија во годината, наречена Black Friday? Овој петок (24.11.2017), бидете со нас, затоа што ви подготвуваме вистинско шопинг лудило – непобедливи понуди по најниски можни цени!

 

 

За само неколку дена ќе започне настанот кој е вистинска увертира за новогодишните празници. Имено, Black Friday е совршена можност да се почестите со некој убав производ кој одамна го посакувате или да купите одлични подароци за најсаканите, по најниски можни цени. Затоа овој ден секоја година станува сé попопуларен ширум светот. И ние полека, но сигурно се приклучуваме на светските трендови и токму затоа Купи на Попуст оваа година организира фантастичен Black Friday онлајн шопинг, само за вас!

Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува името Black Friday (Црн Петок)?

 

Уште од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, американските стоковни куќи имаа за цел да привлечат што повеќе купувачи во петок, последната недела во ноември – еден ден после празникот Ден на Благодарноста. За таа цел стоковните куќи како Macy’s и  Eaton’s спонзорираа одржување на дедомразовски паради  пред своите продавници, и како резулат на тоа голем број купувачи по парадата пазареа кај нив. Тоа е зачеток на т.н. божиќна и новогодишна шопинг треска.

 

Според првата теорија, во тоа време сметководителите профитот го бележеле со црна боја, а загубата со црвена. За време на Black Friday салдото на трговците преминувало од минус во профит, односно од црвена во црна боја, па се верува дека токму поради профитабилното црно сметководствено салдо овој ден го добил и името.

 

Според едно друго гледиште, “кумови” на Black Friday се полицајците и таксистите од Филаделфија, кои едноставно биле исфрустрирани поради преголемата сообраќајна гужва, смог и хаос кој го правеле купувачите, обидувајќи се да се пробијат низ закрчениот сообраќај за да купуваат.

 

 

Интересно е да се знае дека постоеле обиди да се смени името во Big Friday, но тоа не вродило со плод. Иако терминот за првпат почна да се користи од 60-тите, Black Friday дури од 80-тите години на минатиот век се одомаќини и стана дел од божиќното расположение на секое современо американско семејство.

 

Но, Black Friday не се ограничи само на САД. Манијата започна да се шири и во други земји, меѓу кои Велика Британија, Канада, Мексико, Бразил, Индија, Франција, Унгарија,  Романија, Шведска, Данска, Норвешка… Денес Black Friday зема замав низ речиси целиот свет, привлекува 135 милиони купувачи и е ден во кој трговците бележат најголем профит од целата година.

 

Карактеристично е тоа што купувачите со денови се подготвуваат за најголемиот шопинг ден во годината, а голем дел од нив кројат детални планови и стратегии како да купат што повеќе производи и подароци. Па така, некои дури и преспиваат цела вечер пред омилената продавница, за да можат да го фатат посакуваниот попуст веднаш наутро, штом ќе бидат отворени вратите на продавницата. Штом тоа се случи, неретко настануваат вистински стампеда од купувачи, од кои секој се бори да дојде до својот производ.

 

Сепак, од 2015 година е забележан еден нов тренд: огромен број на Black Friday купувачи преку интернет. Во 2015 дури е забележано дека имало поголем број онлајн Black Friday купувачи, отколку оние кои се туркаат по продавниците. Тоа и не е изненадувачки, затоа што е многу полесно и попрактично да купувате од топлината на вашиот дом, без гужви и стресови.

 

 

Сега доаѓаме до причините зошто и вие, драги наши, треба да го следите овој линк, кој одбројува до почетокот на најголемата онлајн Black Friday шопинг треска. Еве зошто никако не смеете да ја пропуштите оваа фантастична можност која ви ја нуди Купи на Попуст:

 

  • Разновидни производи и услуги по врвен квалитет и непобедливо ниски цени со ограничено времетраење (зделките се продаваат по принципот “прв дојден, прв услужен”)
  • Купувате од топлината на вашиот дом, без сообраќаен метеж, гужви и турканици
  • Купувањето е брзо,сигурно, лесно и едноставно, со само неколку клика
  • Штедите скапоцено време и многу, многу пари
  • Одлична можност да купите новогодишни подароци за саканите и семејството

 

Бидете паметни и мудри купувачи, подгответе ја вашата платежна картичка, увежбајте ги прстите за брзо кликнување (затоа што зделките навистина многу брзо знаат да се потрошат) и следете го горниот линк, каде што ве очекуваат врвни Black Friday зделки. Не пропуштајте ја единствената можност во годината да ги добиете омилените производи и услуги по најниски можни цени! Ве сака Купи на Попуст!  ❤️

 

Leave a Reply