Септемвриско уживање во Банско!

Оваа година имавме лето со многу високи температури и сите сакаме да избегаме барем на неколку денови и да ја почувствуваме планинската убавина и да уживаме во пријатните температури на сонце и планински чист воздух. Заради тоа ви подготвивме голем број на понуди за септемвриски одмор во Банско кои што може да ги погледнете на следниов линк: Септемвриски одмор во Банско 
 
Живописниот планински град Банско се наоѓа на едно од најубавите места во Бугарија во подножјето на планината Пирин и претставува еден од најубавите планински рекреативни центри на Балканот. Во изминатите години градот прерасна во најмодерна туристичка атракција, совршена зимска, но и летна дестинација.

Банско е помеѓу најбараните дестинации која изобилува со многу хотели, преубави ресторанчиња и голем број на туристи од целиот свет. Ако сакате да избегате од гужвата и стресниот, динамичен живот за вистински да се одморите и да имате луксузен допир на убавините кои ги нуди природата, одморот на планина со чист воздух и преубави глетки кон планината е вистинскиот избор кој ви е потребен.
 
Банско е прекрасно место за забавен викенд со пријателите, одмор со вашето семејство, место каде што може да спортувате или да се релаксирате со СПА центри. Идеално место да се опуштите во бескрајниот видик на зеленило со сместување на комплетно опремени соби и средено опкружување. Прошетката низ шармантните улички, поволните шопинг продавници, кафенце во убавите кафулиња или ручекот во некој ресторан ќе ви ги наполни батериите до следната прилика за одмор.
 
Заради тоа одлучивме да ве однесеме на опуштено патување по најповолни услови за периодот што следи: Хотел St. George ski & spa luxury resort – Банско, 18 евра по лице за појадок и вечера во двокреветна соба + бесплатно користење на СПА центарот. Погледнете ја понудата како и повеќе фотографии на следниов линк: Хотел St.Georgi ski & spa luxury resort
 
Свети Георги Ски и Спа е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа на тивко и мирно место во кварталот Глазне и има само неколку минути пешачење од почетната станица на Гондолата. Хотелот работи преку целата година. Ова е удобен хотел со беспрекорна квалитетна услуга која ги задоволува барањата на најпрефинетиот вкус со луксузни двокреветни соби, студија и апартмани, комбинирајќи во својот стил античка историја и современиот луксуз. Спа центарот на Хотел Свети Георги импресионира со својата хармонична атмосфера, просторност и беспрекорен дизајн. На располагање се арома сауна, класична парна бања, турска парна бања, загреан затворен базен со дел за деца чиј стаклен покрив се отвора во текот на летото, фитнес сала, салон за аеробик и јога, салони за масажа, џакузи, када на Клеопатра, арома терапии, терапии со лековита кал, салон за убавина.
 
Сите 69 спа третмани и процедури во центарот се изведуваат од страна на искусни професионалци во соодветната област. Бегство за момент во место каде што времето се движи полека, каде што природата се осеќа при секој чекор и каде се нудат вистински спа услуги со користење на најдобрите природни и state-of-the-art технологии.
 
Пишете ни на komercija@kupinapopust.mk, јавете се на 071 315 460, 075 370 399 за сите дополнителни информации околу самите понуди или посетете ја нашата веб страна Kupinapopust.mk за да ги погледнете сите Патувања.
 
Ви посакуваме пријатен и незаборавен одмор! 🙂

Leave a Reply